7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Телото се состои од 60% вода, а пиењето доволно количина вода во текот на денот е од суштинско значење за да имате сјајна кожа, да одржувате здрава телесна тежина и да ги исфрлите токсините од телото. Водата влијае и на вашето расположение и на вашата способност за учење. Но, внесувањето доволно течности е многу повеќе од едноставно пиење 8 чаши вода на ден. Водењето евиденција за внесената количина вода не е лесно, но, исто така, не мора да биде комплицирано. Во продолжение погледнете го овој список на грешки што може да ве спречат да бидете хидрирани.

1. Пиете вода по тренинзите

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Иако е вистина дека пиењето вода по одењето во теретана помага при хидратацијата, исто така е важно да пиете доволно вода пред и за време на вежбањето. Ако го започнете тренингот речиси дехидрирани, ќе изгубите уште повеќе течности додека тренирате, а тоа може да биде опасно за вашето ментално и физичко здравје. Но, не мора да пиете само вода за да ја вратите рамнотежата на течностите. Црниот и зелениот чај, па дури и чоколадното млеко ќе ве хидрираат исто како и водата.

2. Мислите дека кафето и чајот не се бројат

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Вашата утринска шолја кафе или чај може да послужи како хидратантен пијалак. Иако овие пијалаци претежно содржат кофеин, тие сепак ја дополнуваат количината течности што ја внесувате секој ден. Според едно истражување, пиењето околу 3,5 шолји кафе дневно ќе ве хидрира исто како да пиете само вода.

3. Јадете многу малку сол

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Иако исхраната со висока содржина на натриум може да го дехидрира телото, натриумот го одржува балансот на течности во организмот. Натриумот и другите елементи во трагови се губат природно преку потта и затоа треба да се заменат изгубените количини вода и натриум.

4. Пиете 8 чаши вода на ден

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Овој популарен совет не е секогаш точен. Колку вода ви треба зависи од начинот на живот, како, на пример, колку сте физички активни, што јадете, каде живеете итн. За да ја пресметате количината вода во литри што му треба на вашето тело во текот на денот, помножете ја вашата тежина во килограми со 0,033.

5. Првото нешто што го правите наутро е пиење чаша вода

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

За време на спиењето се губат телесни течности, па дури и ако пиете доволно пред спиење, ќе се чувствувате жедни до следното утро. Но, пиењето обична вода на празен стомак не е најефективниот начин за хидрирање. На вашето тело му е полесно да ја апсорбира и да ја задржи водата кога има други хранливи материи. Значи, ако се обидувате да ја одржувате рамнотежата на течностите, испијте ја водата со некоја ужина или испијте една чаша сок од портокал или млеко.

6. Не пиете вода за време на тренингот

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Кога вежбате, вашето тело губи вода преку потта и дишењето. Да останете хидрирани за време на тренингот е важно за регулирање на температурата на телото и на крвниот притисок. Експертите за фитнес препорачуваат да пиете околу 200 мл вода на секои 10-20 минути за време на вежбањето.

7. Заборавате на храната што содржи многу вода

7 грешки во хидратацијата што најверојатно ги правите и вие

Многу овошје и зеленчук го дополнуваат вкупниот внес на течности. Некои од нив, како што се доматите, лубеницата и краставиците се богати и со калиум кој му помага на вашето тело да остане хидрирано подолго.

Прочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар