7 чувства што ви изгледаат негативно, но всушност се знак дека созревате

7 чувства што ви изгледаат негативно, но всушност се знак дека созревате

Изгледа дека резултатот од созревањето и исцелувањето е неверојатно чувство, но како навистина изгледа самиот процес? Созревањето може да бара многу од вас. Потребно е да бидете силни, да се откажете од старите навики и да сфатите дека само вие можете да го подобрите вашиот живот. Ова е навистина моќно, но уште повеќе е страшно.

Сите делови од вас коишто сте ги сокриле ќе сакаат да излезат на површина, а ова е само почетокот. Ќе ви изгледа како да го чистите вашиот емоционален и духовен товар и ќе ги извлечете сите верувања и сеќавања од вас. Па, ако ги чувствувате следниве нешта, тоа значи дека созревате. Можеби ќе мислите дека сте на погрешен пат, но сето тоа е дел од патувањето.

1. Несигурност

Многу луѓе мислат дека несигурноста е срамна бидејќи претпоставуваат дека не ви е удобно во ваша кожа. Но кога станува збор за созревање, ова значи дека преминувате од една фаза кон друга. Сè уште не сте го нашле столбот на вашето еволуирање, па нормално е да ви недостига самодоверба во овој период. Зачекорувате во целосно нов дел од себе и сигурно нема да се чувствувате целосно сигурно во врска со себе. Но верувајте дека наскоро ова ќе се промени.

2. Сомневање во себе

Вие ќе го разглобите целиот ваш идентитет и секако дека ќе чувствувате сомнеж за она што го правите. Ќе проучите сè што знаете и што сте направиле во вашиот живот. Ако не чувствувате сомнеж, тогаш не барате доволно длабоко. Продолжете со копање. Овој сомнеж што го чувствувате е само мракот пред светлината.

3. Изгубеност

Штом ќе созреете ќе имате ново знаење што ќе можете да го примените во вашиот нов живот. Но, за време на самиот процес речиси сигурно ќе се чувствувате изгубено. Нема да знаете каде одите и која е целта. Не можете да барате на исто место а да очекувате нешто поразлично. На патот до созревањето мора да се случи нешто што ќе ве натера да продолжите понатаму. Оставете ги работите да се случуваат и уживајте во бесцелноста додека можете.

4. Неизвесност

Штом ќе ја прифатите вашата ранливост онака како што бара созревањето, ќе треба да ја прифатите и неизвесноста. Овие две одат заедно. Сигурната личност не сака да созрее. Ќе се спротивставувате на многу нешта во врска со вашиот живот и иднина ако сакате постојано да бидете сигурни. Ова не ви остава простор да го проширите вашето знаење и да искусите нови нешта. Прифаќањето на неизвесноста е најослободувачкото нешто што можете да го направите за себе. Не можете да ја предвидите иднината. Доколку се обидувате да го направите тоа, ќе полудите.

5. Страв

Знаете ли зошто сте ги оттргнувале вашите можности за развој? Поради стравот што го чувствувате сега. Ова е стравот што не ви дозволува да се движите напред и да ги проширите вашите видици. Дали овој страв ве парализира? Дали се движите напред и покрај него? Можете да го издржите и најлошиот емоционален страв што сте го чувствувале со години. Сега го знаете ова, и тоа е одлично. Можете да се издигнете над стравот бидејќи сте посилни отколку што мислите.

6. Анксиозност

Каде што постојат несигурност, страв и неизвесност, секогаш има и анксиозност. Научете некоја техника што ќе ви ја намали анксиозноста. Пробајте медитација или јога. Најдете начин да го смирите вашиот ум. Што било што ќе ви помогне да го спречите владеењето на негативните мисли е она на коешто треба да се фокусирате. Прифатете дека анксиозноста е дел од созревањето, но ви дава нешто важно во целиот процес – ќе ве научи што ве смирува и ќе ви докаже дека можете да се грижите за себе. Никогаш нема да има период без анксиозност и единственото нешто што можете да го контролирате е вашата реакција на неа. Научете да ги надминете грижите и стравот и никогаш нема да се грижите за претераното размислување. Ќе бидете подготвени за него.

7. Неудобност

Вие созревате во целосно нова личност и неудобноста е токму она што треба да го чувствувате во овој момент. Сигурно сте ја избегнувале со години, но сега дозволете ѝ да ве надвладее. Таа е клучна за вашиот развој. Животот секогаш ќе ви приредува предизвици кои ќе бараат да станете нова личност. Колку полесно се справувате со неудобноста, толку помалку ќе ве контролираат околностите. Речиси и да немате контрола над нештата што ви се случуваат, но вие одлучувате како ќе реагирате на нив. Можете да одлучите да бидете гневни и негативни, или пак да еволуирате. Сето зависи од вас. Изборот е само ваш.

Не сте задоволни од вашиот живот? Погледнете ги знаците кои покажуваат дека тој е многу подобар отколку што мислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар