6 значајни начини да им покажете благодарност на жените во вашиот живот

Иако романтичните врски се навистина исполнувачки, ако ги прашате, повеќето жени ќе ви кажат дека нивните сродни души се нивните најдобри пријателки. Или нивните мајки, или нивните ментори што ги воделе на секој чекор во кариерата. Без разлика како им покажувате почит и љубов на овие жени, навистина ќе ја зајакнете вашата врска кога ќе почнете да ја славите.

6 значајни начини да им покажете благодарност на жените во вашиот живот

Иако месецот на историјата на жената заврши, тоа не значи дека не можете и сега да ги покажете вашите љубов и благодарност. Во продолжение погледнете како некои жени ја покажале нивната благодарност кон силните жени во нивните животи.

1. Слушајте и интересирајте се

„Покажувам дека се грижам за колешките така што навистина се интересирам за нивниот професионален и приватен живот. Иако ова можеби не е нешто ново, изненадена сум колку често жените чувствуваат потреба да го запостават останатиот дел од животот за да бидат сфатени сериозно на работното место. Верувам дека поддршката помеѓу колешките нè охрабрува да се прифатиме и да создадеме околина каде што можеме да дадеме и да ја добиеме потребната поддршка.“ – Кристин Вајз, главен директор за стратегија во DNA Digital Marketing

2. Направете ги родендените посебни

„Некои од најблиските жени во мојот живот се неверојатна група вработени кои работат за мене. Ги помнам сите нивни родендени и правам да се чувствуваат посебно на нивниот голем ден. Секогаш го декорирам работниот простор, пишувам роденденски картички, ги носам на роденденски ручек и ги изненадувам со нешто што навистина го сакале, без разлика дали тоа се ВИП влезници или кратко викенд патување.“ – Хедер Мариана, извршен директор на Beauty Kitchen

3. Личното поврзување нека ви биде приоритет

„Ги канам девојките кај мене дома на вино или на некоја игра барем еднаш месечно. Учествувам во неколку читачки клубови со разни групи, кои секогаш резултираат со значајни разговори што ве тераат да се замислите. Исто така, се поврзувам со пријателките одејќи на вежбање, утринска прошетка или на кафе за време на викендите. Поврзувањето во живо прави чуда за душата.“ – Британи Дрискол, коосновач и извршен директор на Squeeze

4. Испратете им вино

„Сакам понекогаш да ги изненадам моите девојки со достава на вино. Претплатена сум на веб-сајт, но не секогаш порачувам на мојата адреса, туку понекогаш праќам вино кај моите пријателки во Мајами, кои не можам да ги видам во живо. Тоа секогаш било убаво прифатено изненадување и да бидеме искрени, кој не сака шише вино во сезоната на новите вина?“ – Никол Помије, сопственик на The Cookie Cups

5. Научете го нивниот љубовен јазик

„Сакам да го научам љубовниот јазик на сите мои пријателки, вработени и соработници. Ова ми олеснува да најдам одлични подароци што им значат. На луѓето кои сакаат зборови, им пишувам долги пораки. На оние кои сакаат подароци, им ги запишувам родендените за да се сетам да им испратам подарок.“ – доктор Линдзи Елмор, фармацевт и експерт за здравје

6. Обрнете внимание и бидете специфични

„Кога ќе слушнам од колешка дека ѝ се допаѓаат моите чевли, ѝ испраќам пар или картичка за подарок за самата да си купи. Ако слушнам од пријателка дека сакала да проба нешто, ѝ праќам ваучер за тоа. Коа сопругот на една пријателка беше хоспитализиран повеќе од еден месец, порачав намирници и замрзнати смудиња за неа. Накратко, слушајте што сакаат или што им треба и без да ве замолат, без да најдете изговор, испратете го. Веднаш. Изненадувањето е вистинскиот подарок, се надевам.“ – Алиса Рап, извршен директор во Surgical Solutions

Знаевте ли дека дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар