6 видови удобни чевли што оваа сезона се во тренд

6 видови удобни чевли што оваа сезона се во тренд

Одамна се поминати деновите кога барањето да се носи нешто во тренд водеше само кон неудобни модели. За среќа, времињата се сменети, и сега сè поголем акцент се става на удобноста и пријатноста. Токму затоа и овие 6 видови чевли владеат со модните топ листи за оваа сезона. Сигурни сме дека секоја од вас ќе го пронајде својот нов омилен модел, бидејќи има по нешто за секој!

1. Воени чизми

Иако тие изгледаат малку грубо однадвор, кога ќе ги ставите на вашите нозе, ќе се чувствувате како да одите по облаци.

2. Коцкести потпетици

Сакате висина, но мразите болка? Овој одличен модел истовремено ќе ви ги издолжи нозете и ќе ви создаде удобност во текот на целиот ден.

3. Спортски патики

Оваа година е препознатлива по таканаречените „патики од тато“, што дури и на прв поглед изгледаат удобно. Нема потреба воопшто да објаснување што се случува откако ќе почнете да ги носите.

4. Мачкини потпетици

Овие потпетици се толку блиску до земјата, што ќе се чувствувате како да одите во балетанки.

5. Лоферки

Овој модел беше најпопуларен во 1987 година, и сега повторно се враќа на модната сцена. Одберете ги оние со форма на бадем доколку сакате да изгледате ретро.

6. Рамни каубојски чизми

Каубојските чизми се нешто што без сомнение не може секоја девојка да го искомбинира. Но, ако тие влегуваат во вашиот стил, тогаш без сомнение се најудобниот избор за вас оваа зима!

Прочитајте ги и овие 5 причини зошто годинава наместо црни, треба да купите бели чизми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар