6 совети за шминкање со кои вашите забите ќе изгледаат блескаво бели

Колку и да се трудите да се грижите за забите, храната, кафето и текот на времето предизвикуваат расипување на забите и тие стануваат жолтеникави. Па, како познатите личности успеваат да имаат светли, совршено бели насмевки цело време? Многу од нив може да поминат многу часови на стоматолог, но некои користат едноставни трикови за шминкање и резултатите се прилично неверојатни. Ако следите некои од овие 6 совети кога се шминкате, вашите заби може да изгледаат бисерно бели.

1. Дефинирајте ја и оцртајте ја устата со моливче за усни во месо боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Моливчето за усни е речиси исто важно како и карминот, но честопати се заборава. Тоа помага да се дефинираат цртите на устата за да се создаде многу поголем волумен и за карминот да трае подолго. Ако сакате забите да се истакнат и да изгледаат побели, користете моливче за усни во месо боја. Вашата уста ќе изгледа поголема, а вашата насмевка ќе биде многу поблескава. Користете кармин во иста боја или кармин што е околу 2 нијанси потемен. Потоа може да ги покажете забите што ќе изгледаат бели како бисери.

2. Нанесете хајлајтер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Овој производ ќе ви помогне да нагласите некои карактеристики на вашето лице, со цел да изгледа многу посветло и поживо, а тоа ја вклучува и вашата насмевка. Некои од местата каде што треба да нанесете хајлајтер се: јаболчната коска, врвот на носот и врвот на усните под носот. Ако сакате вашите очи да изгледаат малку поголеми, можете да нанесете малку хајлајтер на внатрешните агли на очите.

3. Обидете се со ефект на исончана кожа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya) on

Користете мат бронзер, така што вашата кожа ќе се истакнува и ќе има поголем контраст со бисерната боја на забите. Нанесете го на јаболчната коска, на врвот на носот и на врвот на усните под носот. Ако мислите дека треба да нанесете бронзер на целото лице за да имате рамномерна боја, можете да го направите тоа, но внимавајте да не претерате за да не изгледате вештачки.

4. Привлечете го вниманието кон вашите очи

6 совети за шминкање со кои вашите забите ќе изгледаат блескаво бели

Нанесувањето на соодветната шминка на вашите очи е клучно за да го свртите вниманието од забите и да ги натерате луѓето да се фокусираат на вашите очи наместо на устата. За да функционира овој трик, потребни ви се црн ајлајнер и многу маскара. Што се однесува до сенките за очи, користете сини нијанси (светлосина, виолетова, зелена или тиркизна), што ќе создадат поголем контраст и ќе ги истакне вашите очи. Избегнувајте бои на портокалова основа бидејќи тие може да направат забите да изгледаат жолтеникави.

5. Нанесете син кармин

6 совети за шминкање со кои вашите забите ќе изгледаат блескаво бели

Клучот за бела и блексава насмевка може да биде во изборот на кармин со сини или ладни нијанси. Ако сте храбри, може да изберете виолетова боја. Во спротивно, изберете темноцрвена нијасна со сина основа или месо боја со кафеави нијанси. Сите овие нијанси ќе бидат во контраст со вашите заби и тие ќе изгледаат многу побели. Избегнувајте портокалови или бакарни кармини бидејќи вашите заби ќе изгледаат жолтеникаво.

6. Нанесете многу сјај за усни

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martha Debayle (@marthadebayle) on

Сјајот за усни е совршена алатка за вашата уста да изгледа посветла и полна, а забите да изгледаат побели. Пред да го нанесете сјајот, треба да ги навлажните усните со балсам. Откако ќе го сторите тоа, ставете кармин со синкави нијанси, па потоа нанесете многу сјај, особено во средината на усните. На овој начин ќе ги истакнете вашите заби.

Храна што ќе ви помогне да ги избелите забите природно

Техниките за шминкање се одличен начин за создавање посветла и посјајна насмевка. Но, најдобриот начин за забите да изгледаат бели е тие да бидат навистина бели. За да го направите тоа, треба да ги миете вашите заби трипати на ден и да јадете храна која е одлична за подобрување на здравје на забите:

Јагоди: Јагодите содржат ензим наречен јаболкова киселина, што е природен избелувач на забите и помага да се отстранат бактериите од устата.

Карфиол: Ова е храна што бара многу џвакање. Тоа предизвикува производство на повеќе плунка, што помага во чистење и во одржување на сјајот на забите.

Млечни производи: Сирењето, јогуртот и млекото имаат калциум, минерал што ги зајакнува и ги избелува забите.

Целер: Намирниците што содржат влакна не само што ги избелуваат забите, туку исто така помагаат и ткивото на непцата да биде поздраво.

Јаболко: Ова овошје помага при чистење на денталниот плак и со тоа ги одржува забите здрави и бели.

Прочитајте кои се 6-те причини за пожолтување на забите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар