6 секојдневни навики што ја уништуваат вашата интелигенција

6 секојдневни навики што ја уништуваат вашата интелигенција

Интелигенцијата се дефинира како „ментален капацитет на човекот што се состои од неговата способност да учи од искуството, да се прилагодува на новите ситуации, да разбира и да се справува со апстрактни концепти и да го користи знаење за да управува со својата околина“. Со други зборови, интелигенцијата ве подготвува да се соочите со светот во којшто живеете и да успеете во голем број ситуации. Луѓето го сфатиле значењето на интелигенцијата, па затоа почнале да користат многу алатки за да ја подобрат.

6 секојдневни навики што ја уништуваат вашата интелигенција

Сите ние сакаме да си ја подобриме меморијата, вештините за решавање проблеми и брзината со која ги обработуваме информациите. Активноста на умот е исто толку важна колку и физичката активност, а денес со напредокот на технологијата, постојат многу апликации и вежби што можат да ни помогнат да го сочуваме менталното здравје. Додека многумина од нас се фокусираат на зголемувањето на интелигенцијата, експертите советуваат дека треба да обрнеме внимание и на секојдневните активности што можеби го намалуваат нашиот умствен капацитет и негативно влијаат на мозокот. Ова се 6-те секојдневни навики што ја уништуваат вашата интелигенција…

1. Целосно му верувате на Гугл

Порано, ако сакавме да станеме експерти во некоја област, моравме да посветиме време, труд и енергија за да ги научиме сите информации што се значајни за таа индустрија. Денес, со појавата на Гугл, мислиме дека можеме да станеме експерти само со помош на еден обичен клик.

2. Недостаток на сон

Се вели дека за да бидеме среќни и здрави, мора да спиеме доволно, но дали сме свесни колкаво значење има одморот за менталниот капацитет? Според едно истражување, ако пропуштите само 1 час спиење, тоа може да доведе до загуба на толку голема количина на ментална когниција што би ви требале 2 години ментален развој за да ја вратите назад.

3. Правите повеќе работи одеднаш

Истражувањата спроведени од страна на Универзитетот Стенфорд заклучиле дека правењето повеќе работи одеднаш може да го попречи вашиот ментален капацитет и да ја намали вашата продуктивност, што не би се случило доколку се фокусирате само на едно нешто. Ова е особено важно за денешното општество кога постојано сме бомбардирани со електронски информации, кои нѐ принудуваат секојдневно да правиме повеќе работи одеднаш.

6 секојдневни навики што ја уништуваат вашата интелигенција

4. Ја присилувате социјализацијата

Интровертните и недружељубивите поединци честопати се сметаат за осамени, вознемирени и депресивни, меѓутоа, голем број истражувања откриле дека поинтелигентните луѓе се помалку комуникативни од нивните врсници. Всушност, социјализацијата може да има негативно влијание на целокупната среќа и здравје на интелигентните луѓе. Доколку се чувствувате добро додека се дружите со некого, одржувајте го односот, но не се форсирајте ако дружењето ви претставува обврска.

5. Пиење алкохол

Живееме во општество што го наметнува пиењето преку тоа што го вклучува во сите поголеми собири и средби. Меѓутоа, пиењето алкохол може да има опасно и негативно влијание на вашето ментално здравје. Прекумерното пиење се поврзува со оштетена меморија, бавна реакција и нарушена проценка.

6. Лоша исхрана

Храната што ја јадеме е горивото што му овозможува на нашето тело да функционира. Мозокот е еден голем мускул и како и секој друг мускул во телото, и нему му треба здрава исхрана за да функционира најдобро што може. Доколку сакате вашиот мозок да функционира најдобро досега, мора да внимавате на вашата исхрана и да ги внесувате сите потребни витамини и минерали.

Во продолжение дознајте зошто интелигентните луѓе свесно одлучуваат да бидат асоцијални.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар