12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

Науката никогаш не престанува со истражување на светот. Таа секогаш е подготвена да нè изненади со неверојатни и неочекувани откритија. Погледнете ги најинтересните нови факти од разните области на науката кои можеби сте ги испуштиле.

1. Песната на китовите звучи како џез

(1)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Истражувачите на Универзитет од Калифорнија развиле посебен метод за анализирање и споредување звуци – од човечкиот говор до звукот на громот. Резултатите од истражувањето покажале дека јазикот на китовите има структура слична на онаа на џез музиката. Звукот на громот пак е сличен со звукот на класичните симфонии.

2. Откриен е најатрактивниот дел од женското тело

(2)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Една група научници од Европа откриле дека вниманието што го добива жената зависи од тоа колку може да го свитка грбот. За време на експериментот, научниците им покажувале 3Д модели од женски тела на машка публика и притоа ја следеле реакцијата на нивните очи. Се покажало дека облината на грбот е најпривлечниот дел.

3. Коските можат да бидат направени од полиетилен

(3)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Руските научници од Универзитетот за наука и технологија создале материјал кој може да се користи за изработка на безбедни и трајни коски, зглобови и протези. Тешко е да поверувате, но полиетиленот кој нормално се поврзува со кесите може да се користи како материјал за протези.

4. Птиците работат како „дадилки“ и очекуваат да добијат наследство

(4)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Научниците забележале дека некои моногамни птици им помагале на другите птици да ги одгледаат своите деца наместо да имаат свои малечки. Го правеле ова бидејќи сакале наследство – кога малечките ќе пораснат тие го напуштаат гнездото и бараат нов дом. Напуштената територија тогаш им припаѓа на „дадилките“. Изгледа и птиците знаат нешто за бизнис.

5. Летачки мотори и автомобили

(5)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Scorpion-3, летачкиот мотор, веќе е користен од страна на полицијата во Дубаи. Следниот чекор е летачки автомобил кој ќе може да полета и да се спушти вертикално. Изгледа сообраќајниот метеж ќе стане минато.

6. Рибите можеби имаат емоции

(6)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Интернационална група научници докажала дека рибите реагираат емотивно на некои природни фактори. За време на истражувањето, научниците ги изложувале рибите на стресни „ситуации“ и го мереле нивото на хормони во нивното тело.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар