6 работи со кои жените се опседнати, за кои на мажите не им е гајле

6 работи со кои жените се опседнати, за кои на мажите не им е гајле

Жените постојано покажуваат опседнатост околу овие неколку работи затоа што сметаат дека тие им се многу важни и на мажите, но тие имаат малку поинакво мислење за нив…

6 машко - женски работи со кои жените се опседнати, а на мажите не им е гајле

1. Прекумерна тежина

Ако некое момче решило да се гледа со вас тоа е така затоа што сте му убава. Тоа дали вашата телесна тежина според медицинските или манекенските стандарди е прекумерна или не, не е воопшто важно. Или сте му убава таква каква што сте или не.

2. Шминка

Ако не носите маска од шминка која сосема ви ја менува бојата на кожата, повеќето мажи нема ни да забележат дали сте нашминкана или не. И сите го преферираат природниот изглед пред вештачкиот. Ако некој повеќе ве сака кога лицето ви е многу обоено, тогаш сигурно не сте со вистинскиот партнер.

3. Кој на кого се пушта

Девојките се плашат да им пријдат на момците затоа што се плашат што потоа тие ќе помислат за нив. Не треба да се грижите за тоа затоа што на повеќето мажи може да им биде многу симпатично ако некоја девојка се труди да допре до нивното срце. Ако случајно налетате на некого кој поради тоа ќе има лошо мислење за вас, таквото искуство сметајте го како природна селекција со која ќе ги елиминирате оние кои не ви одговараат.

4. Кој на кого прв му се јавува

Правилата во врска со тоа кој на кого прв и кога му се јавува се само за во филмовите за да бидат поинтересни или помалку интересни. На момците не им е гајле дали вие ќе бидете таа што ќе се јави прва после состанокот или ќе чекате тој да го стори тоа. Ако е паметен и ако му е дојдено до вас, тоа нема да биде проблем и затоа не треба да се опседнувате со тоа.

5. Што јадете кога излегувате заедно

Важно му е да не нарачате некое супер скапо јадење кое тој нема да може да го плати, но чувствувајте се слободно да јадете што било и вo која било количина. Не мора да јадете само салата за да покажете дека се грижите за себе.

6. Кога тој прави нешто без вас

Секој маж со нормален живот сака да прави одредени работи сам или со своите другари и нема потреба да се опседнувате со тоа што тие прават или разговараат кога не сте таму. Тоа не значи дека сака да се оддалечи од вас, туку само сака да ужива во работите кои му причинуваат задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар