6 причини за венчавка во зима

6 причини за венчавка во зима

Треба сериозно да размислите околу годишното време за вашата венчавка. Студените месеци се избегнуваат за организирање на овој вид прослави, па честа им припаѓа на месеците помеѓу мај и октомври. Но, ние ви нудиме 6 причини зошто судбоносното „ДА“, да го кажете токму во зима. Дајте ѝ шанса на зимата да ви овозможи волшебна свадба!

1. Помалку ќе ве чини

1-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

На зимата не се гледа како на најповолно годишно време за свадба, иако трошоците се значително помали во овој период. Тоа е последица на помалиот број свадби кои се прават од декември до март, па затоа продавачите имаат поголема потреба од муштерии. Заради ова ви се отвараат можности да преговарате околу поволностите.

2. Ќе ви треба помалку време

2-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

Тоа е затоа што местата и продавачите ќе ви ги понудат сите можности и ќе бидат повеќе посветени за време на помалку просперитетните месеци.

3. Позадината на фотографиите ќе биде волшебна

3-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

Секако, летните пејзажи се преубави, но зимската идила на свадбените фотографии е едноставно волшебна. Дополнителна компонента е гламурот во просторни места како зимските хотели.

4. Сите со задоволство ќе ја очекуваат

4-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

Сите венчавки се свечени, но оние зимските се многу повеќе. Тие се поуникатни од причина што се многу поретки во овој период, па сите гости со задоволство ќе го очекуваат датумот на вашата венчавка. Во зима не се патува толку често како во лето, па има поголеми шанси да дојдат сите поканети.

5. Вашата коса ќе изгледа неверојатно

5-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

Во зима косата ќе ви остане цврста и нема да се растури поради потење или други несакани ситуации кои може да ви се случат во лето. Кога сме кај изгледот, шминката со црвен кармин кој ќе создаде ефект на полни усни и благо заруменети образи се полн погодок за во зима.

6. Можете да имате уникатен фустан

Ако повеќе сакате традиционални, класични невестински фустани вашите опции не се ограничени на стандардните фустани без прерамки. Во зима може да размислувате за наметки со долги ракави, потешки материјали и гламурозни додатоци.

6-6-prichini-za-venchavka-vo-zima-kafepauza.mk

Всушност, според „Телеграф“, неодамнешниот бран на зимски свадби се должи на зимските модни парчиња кои ги нудат дизајнерите. Од интересни капути, шалови во различни бои до класични и модерни венчаници, изборот е сè поголем.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар