Како да препознаете дали некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?

Како да препознаете дали некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?

Сигурно и вам ви се има случено да глумите дека сте одушевени од подарокот кој навистина не ви се допаѓал со цел да не повредите некоја ваша блиска личност. Но, според британскиот психолог Сајмон Мур, говорот на телото може да ги „издаде“ вашите вистински чувства. Токму затоа следниот пат кога ќе подарите некому подарок, побарајте ги следниве неколку знаци со цел да откриете дали можеби не сте направиле добар избор.

Како да препознаете дали на некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?

Кога тој/таа го отвора подарокот, се допира за лицето, најчесто ставајќи ја раката преку устата. Обрнете внимание и на наборите околу очите, и покрај тоа што тој/таа ќе тврди дека подарокот им е убав, нивните очи ќе делуваат како тие да ви се малку лути. Повлекувањето на главата наназад е уште еден знак на лажно одушевување, како и оддалечувањето од подарокот. Ние несвесно се оддалечуваме од оние нешта кои не ни се допаѓаат.

Кога сме нервозни, често ја тресеме ногата како да сакаме нешто да исфрлиме од нас или тапкаме со стапалото на подот, па истото тоа се случува и кога добиваме подарок кој не ни се допаѓа бидејќи набрзина се обидуваме да одглумиме воодушевување.

Доколку на личноста навистина ѝ се допаѓа вашиот подарок, таа ќе има природна насмевка на своето лице. Исто така ако сте го погодиле вистинскиот подарок, тогаш оваа личност несвесно благо ќе ги подигне веѓите и природно ќе се доближи со своето тело нанапред, кон подарокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар