6 навики што ве прават сиромашни

Вашите секојдневни навики многу влијаат врз вашиот живот, па затоа многу е важно што ќе одлучите да направите денес и како тоа ќе влијае врз вашата иднина.

6 навики што ве прават сиромашни

Живот на кредити

Една работа е да подигнете кредит за да го решите станбеното прашање, а сосема друга работа е да подигнете кредит за нов ајфон. Тоа е трошење пари без никаква стратегија и обид да се убедите себеси дека можете да си дозволите сè што е околу вас (а всушност не можете). Многу е лошо ако земете повеќе кредити и скоро сè што заработувате да потрошите за плаќање камати.

Желба за штедење

Разумната потрошувачка е прекрасна навика. Но, ако денес сте заштедиле на забар, подгответе пари за уште поскап имплант за шест месеци.

Живот од плата до плата

Финансиски компетентната личност секогаш има барем мала „стратешка резерва“ на банкарската картичка.

Завист

Можеби се грижите за тоа како другите заработуваат повеќе од вас, но попаметно е да го потрошите времето за постигнување на вашите сопствени успеси.

Самосожалување

Колку почесто повторувате дека ви е тешко во финансиската состојба во којашто се наоѓате, толку полошо ќе ви биде затоа што самите се „програмирате“ за уште еден дебакл.

Мрзливост

Многу сиромашни луѓе можат со денови да страдаат поради недостаток на финансиски средства. Поради некоја непозната причина, не им текнува да станат од креветот и да најдат уште една работа за време на викендот.

Ако не сакате вашите навики да ве направат сиромашни, прочитајте ги овие 9 практични совети од најбогатите луѓе во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар