9 практични совети од најбогатите луѓе во светот

Според статистичките податоци, половина од милионерите сами си ги заработиле парите. Тоа значи дека не е толку невозможно да се стане милионер. Прочитајте ги најмудрите совети поврзани со заработувањето, штедењето и вложувањето пари кои ќе ви помогнат да му се доближите на вашиот сон…

1. Правилото 50/30/20

9 практични совети од најбогатите луѓе во светот

Ова правило може да се искористи за управување со буџетот. Тоа ја дели вашата заработка во 3 категории:

  • Првата категорија се работи неопходни за живот. 50% од парите треба да трошите на месечните трошоци, како што се кирија, превоз, храна и средства за домаќинство.
  • Втората категорија се личните трошоци. Тоа значи дека можете да искористите 30% од вашата плата за забава, шопинг, хобија и сѐ друго што ве прави среќни.
  • Последната категорија се заштедите. 20% од вашите пари треба да одат право во банка. Следете го советот на милионерот Грант Кардон:

„Префрлете ги вашите заштедени пари на сигурни и недопирливи сметки. Никогаш не ги користете овие сметки, дури ни за итни случаи. До ден денес, барем 2 пати годишно останувам без пари, затоа што вложувам во сметки до кои немам пристап.“

2. Купувајте производи на големо и на распродажба

9 практични совети од најбогатите луѓе во светот

Не би помислиле дека ќе добиете ваков совет од милионер. Но, сите можеме да се согласиме дека ваквиот начин на купување може да заштеди многу пари. Ова правило се однесува на производите што ќе ги искористите и нема да ги фрлите.

„Тешко е да си ги вратите парите од редовните влогови. Подобро ќе биде доколку купите паста за заби за 2 години што сте ја начекале на 50% попуст. Така веднаш ќе ви се вратат вложените пари. Станува збор за вистинска заштеда што ќе можете да си ја ставите во џеб.“ – Марк Кјубан

3. Не користете кредитни картички

9 практични совети од најбогатите луѓе во светот

Доколку имате кредитна картичка во паричникот, тоа ќе ве поттикне веднаш да си купите што сакате, без разлика дали можете да си го дозволите. Но, кога користите кредитни картички за да купувате, тоа значи дека трошите пари што ги немате. Освен тоа високите камати ги прават вашите трошоци уште поголеми.

„Кредитните картички се најлошата инвестиција што можете да ја направите. Парите што ги заштедувам поради тоа што немам долгови се многу подобри од заработките што можам да ги добијам преку вложување пари на берза.“ – Марк Кјубан

4. Обидете се да купувате од произведувачите

9 практични совети од најбогатите луѓе во светот

Пред да купите нешто од продавница, запрашајте се дали можете да го купите истиот производ директно од произведувачот. Најчесто можете да го нарачате производот за многу пониска цена. Понекогаш, можеби од вас ќе се бара да купите минимален број на производи за да можете да ја извршите нарачката. Во тој случај, предложете им на пријателите да купувате заедно.

„Плаќавме за органски производи и цените нѐ убиваа. Па, затоа се запрашав како продавницата ја добива храната. Истражував, му се јавив на произведувачот и ги дознав критериумите за да се изврши нарачка. Минималната нарачка требаше да изнесува 250 долари. Почнавме да земаме нарачки од нашите пријатели и храната ни ја доставуваа пред врата.“ – Џерод Сеслер

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар