6 митови за убавината кои не се точни

Доколку следите блогови за убавина, сигурно сте бомбардирани со секакви совети. Но многу од нив се грешни. Погледнете ги неколкуте митови за убавина кои конечно се тестирани и се покажале како неточни.

6-mitovi-za-ubavina-koi-ne-se-tochni-kafepauza.mk

1. Заморот предизвикува темни кругови под очите

Иако недостатокот на сон може да води кон други проблеми, тоа не е причина за темните кругови под очите. Овие кругови се појавуваат поради концентрацијата на вени под многу тенкиот слој кожа. Тие се наследни, па спиењето нема да ја промени нивната состојба.

2. Лаковите ги пожолтуваат ноктите

Иако понекогаш лакот може да ги направи ноктите пожолти, има начин како да го избегнете ова. Потемните нијанси на лакови (особено црвените) имаат повеќе пигменти и постои поголема веројатност да остават дамки на ноктите. Решение? Нанесете безбојна основа пред да ги лакирате вашите нокти.

3. Шминката предизвикува акни

Нема никакво истражување кое го докажало ова. Но, ако не ја отстранувате правилно, може да налетате на некои проблеми со кожата. Колку и да сте уморни, секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење.

4. Брзата храна предизвикува проблеми со кожата

Ова е многу стар мит, но и за него нема научен доказ. Всушност, сушито и школките се единствената храна која го зголемува ризикот од акни поради високата концентрација јод.

5. Можете да ја намалите големината на порите

Иако е невозможно да ја смените големината на вашите пори, можете да направите да изгледаат помали. Белките од јајцата ја затегнуваат кожата и прават порите да изгледаат помали, но тоа е само привремен ефект.

6. Акните се намалуваат со годините

Иако акните се поврзуваат со тинејџерите, луѓе на која било возраст може да имаат проблеми со нив. Ако имате чиста кожа додека сте млади, не значи дека таква ќе ви биде целиот живот.

Прочитајте ги и овие митови за убавина кои звучат лудо, но сепак се вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар