6 методи за штедење без одрекување

6 методи за штедење без одрекување

Многу луѓе се чувствуваат лошо кога станува збор за парите и нивно распоредување. Најчесто тоа се смета за непријатна, тешка или бескорисна задача, но овие совети навистина ќе ви помогнат да заштедите нешто, и тоа без да се откажувате од многу работи.

6 методи за штедење без одрекување

1. Метод 20/80

За овој метод потребно е да ги исплатите сите долгови и банкарски кредити. Инвестирајте во бизнис или заштедете околу 20% од вашата месечна плата. Ова се пари кои не смеете да ги потрошите. Останатите 80% трошете ги на кој било начин.

Исто така мора да запомните дека најпрво треба да тргнете пари настрана, а потоа да го трошите остатокот. Доколку 20% се премногу за вас, можете да почнете со 10%, или најмалку 5%. На овој начин ќе стекнете навика и ќе започнете фонд за штедење.

2. Метод 60/10/10/10/10

Овој метод функционира на следниов начин:

  • 60% од платата се користи за главните трошоци
  • 10% се тргаат настрана
  • 10% се за долгорочни трошоци
  • 10% се за ретки трошоци
  • 10% се за забава

Главните трошоци се храна, комуналии, превоз и гардероба. Автомобилот, реновирањето на домот или исплатата на кредитот спаѓаат во долгорочни трошоци. Ретките трошоци се нешта како поправка на автомобил, посета на лекар или некој скап подарок. Доколку имате голем долг, најдобро е да ги пренамените 10-те проценти за штедење додека не го исплатите.

3. Метод 10%

Овој метод значи дека морате да заштедите 10% од вкупниот приход. Овој мал износ нема да влијае на вашиот буџет или квалитет на живот. Уште подобро е да ги ставате парите во банка, доколку немате потреба веднаш да ги потрошите.

4. Метод на поделба

Во овој случај треба да ги поделите вашите пари на два дела – првиот за секојдневни потребни, а вториот за во банка. Кога ќе ја истрошите готовината, одете во банка и извадете половина од вкупниот износ. Повторувајте по потреба. Ова е најдобриот метод за оние кои не можат да ги контролираат нивните секојдневни трошоци.

5. Метод на 4 коверти

Најпрво мора да ја пресметате вкупната сума на вашиот иден приход. Потоа тргате пари за големи трошоци, или штедите 10-20%. Потоа ги тргате и парите за редовни трошоци (кирија, училиште, паркинг и слично). Останатата сума поделете ја на 4 делови. Во 4 разни коверти ставете по еден дел за секоја недела. Овие пари можете да ги потрошите за што сакате, само не заборавајте на буџетот што го имате.

6. Бабински метод

За секоја важна категорија трошоци направете посебен коверт. На секој од нив напишете за што е и вкупната количина што ви е потребна. Овие категории ќе зависат од начинот на вашиот живот и можат да вклучуваат работи како храна, облека, лекови, автомобил, забава и слично. Целиот приход го делите на делови, во зависност од бројот на категории. Кога ви се потребни пари, ги земате од соодветниот коверт. Доколку ги потрошите парите за забава, најдобро е да ја избегнувате додека не го дополните ковертот. Доколку ги потрошите парите од важните коверти, како оној за храна, можете да позајмите пари од помалку значајните категории.

Погледнете ги и овие едноставни начини да заштедите за патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар