6 грешки што не смеете да ги правите кога ќе снема струја

Снемувањето струја во домот може да нè изненади и да ни ја наруши рутината. Тогаш е потребно да побараме некои привремени решенија додека таа не се врати. Но, притоа честопати правиме и некои грешки кои може да ја нарушат нашата сигурност. Па, доколку сакате да ја задржите сигурноста на вашето семејство, како и да ја спречите можноста од штета и да си олесните додека струјата не се врати, никогаш немојте да ги правите овие работи.

1-6-greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-koga-vo-domot-kje-ja-iskluchat-elektrichnata-energija-www.kafepauza.mk_

1. Немојте да користите свеќи

Палењето свеќи кога ќе исчезне струјата изгледа како класично решение, но тоа никако не е најсигурна опција. Децата или домашните миленици може да ја турнат свеќата, па никогаш не би требало да ја оставите без надзор кога се движите од една во друга соба. Внимавајте и кога ракувате со свеќниците кои притоа може да станат премногу жешки доколку ја оставите свеќата да гори предолго. Наместо свеќи, подобро решение ќе биде на одредени места во домот каде што имате најголема потреба од светлина да поставите рачни светилки на батерии и повремено да ги проверувате дали работат.

2. Немојте да ги оставите поголемите домашни апарати вклучени во струја

Штом ќе исчезне електричната енергија, исклучете ги од струја сите поголеми апарати во домот, како што се телевизорот и компјутерот, а помалите можете само да ги исклучите, како на пример ламбите и радиото. Тоа е важно да го направите, бидејќи доколку останат сите апарати вклучени, кога струјата ќе се врати може да дојде до струен удар кој ќе ги изгори сите електрични направи или да го преоптовари струјното коло во вашиот дом.

3. Немојте премногу често да го отворате фрижидерот

Доколку во текот на исчезнувањето на струјата не го отворате фрижидерот, студениот воздух ќе остане внатре и ќе го спречи расипувањето на храната. Фрижидерот кој нема да го отворате може да ја одржува соодветната температура барем четири часа, а во добриот замрзнувач намирниците може да бидат сигурни и до два дена. Ако снема струја додека надвор е топло, се препорачува да ставите прекривка врз фрижидерот и замрзнувачот што ќе послужи како дополнителен слој на изолација.

2-6-greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-koga-vo-domot-kje-ja-iskluchat-elektrichnata-energija-www.kafepauza.mk_

4. Немојте да дозволите цевките премногу да се оладат

Доколку ја исклучат електричната енергија во текот на зимата, постои опасност водата во цевките да замрзне, а тоа да доведе до нивно пукање. Големи се шансите дека во новите и реновираните домови тие се правилно изолирани, но во постарите куќи добро е да ги проверите, особено цевките во подрумот, гаражата и надворешниот водовод и доколку не се добро изолирани, да ги замотате во изолациона пена, покривачи или пешкири и оставете ја водата полека да тече за да го намалите ризикот од смрзнување.

5. Немојте да ја користите целата вода одеднаш

При подолгото исчезнување на струјата, топлата вода треба да се троши умерено, бидејќи може да дојде до нејзин недостаток. Затоа, за да не останете без топла вода, бидете штедливи со неа додека се туширате и пуштате вода во тоалетната шолја.

6. Немојте претерано да го користите мобилниот телефон

За да ја скратите досадата додека нема струја, можеби ќе посегнете по вашиот мобилен телефон за да сурфате на Интернет или да играте некоја игра. Но, внимавајте да не претерате и да ви се потроши батеријата на телефонот. Во ваквата ситуација е секогаш добро со себе да имате мобилен телефон со полна батерија во случај да треба да направите некој итен повик. За дополнително да ја сочувате батеријата исклучете ги сите апликации кои моментално не ги користите.

Корисните совети се секогаш добредојдени, па токму затоа погледнете како да заштедите пари на струја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар