5 знаци дека кожата на вашето лице старее пребрзо

Не сите луѓе стареат со иста брзина. Некои за својата возраст изгледаат навистина младо, а некои пак делуваат многу постаро отколку што навистина се. Имено, дури 20 до 30% од промените на кожата се генетски, а останатите 70 до 80% се причинети од надворешни фактори како УВ зраците и загадениот воздух. Лошата исхрана исто така може да го забрза стареењето на кожата и да ја направи бледа и со брчки. Доколку забележите некој од следниве пет знаци, тоа значи дека вашата кожа старее пребрзо.

5 знаци дека кожата на вашето лице старее пребрзо

1. Пеги од сонце

Доколку не се заштитувате од штетните УВ зраци, порано или подоцна ќе забележите кафеави дамки на вашата кожа. Нивното настанување е предизвикано и од хормонални фактори, како на пример бременост или земање контрацепциски таблети. Најдоброто средство против овие дамки е нивната превенција. Доколку веќе се појавиле, можат да ви помогнат некои серуми богати со витамин Ц.

2. Екстремно сува кожа

Додека во тинејџерските години обично се справуваме со премногу мрсната кожа, во староста настанува друг екстрем – претерано сува кожа. Сонцето, пушење и стресот можат да предизвикаат таканаречени дупки на горниот слој на кожата, а преку нив можат да влезат разни слободни радикали. Најдобро е да користите дневна крема што ќе ја навлажни вашата кожа и којашто содржи хијалуронска киселина или кокосово масло.

3. Брчки

Тенките линии околу очите се исто така знак за прерано стареење на кожата. Со стареењето на кожата, околу очите почнуваат да се појавуваат бори. За мазна и нежна кожа се препорачуваат производи со пептид и матични клетки.

4. Затегната кожа

Дали кожата ви е затегната после вашиот ритуал за нега? Можеби причината е што продуктите што ги користите се премногу агресивни, така што ги неутрализираат природните масти на кожата. Подобро е да користите благи гелови и лосиони кои после отстранување на шминката, на кожата ќе ѝ дадат доволно влага и ќе ја направат мека и еластична.

5. Тенка кожа

Кожата може да стане навистина тенка, така што ќе ги забележите и вашите крвни садови. Причината е тоа што во староста се повлекува поткожното масно ткиво и се намалува лачењето на колаген и еластин. Недостатокот од влага и калциум, како и штетното влијание на УВ зраците можат да ја истенчат вашата кожа. Најдобро е да користите серуми со пептиди и средства за нега на кожата со пробиотици. Овие продукти ќе направат заштитен слој, така што кожата ќе може да се регенерира и да ја подобри својата состојба.

Погледнете и кои се клучните фактори што го забрзуваат стареењето на кожата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар