Вистинската приказна на Џон Неш која е подраматична од „Генијалниот ум“ (А Beautiful Mind)

Многу луѓе кои не се вклучени во светот на науката, дознаваат за Џон Неш од филмот „Генијален ум“, со Расел Кроу во главната улога. До одредена точка, филмот го идеализира математичарот, па дури и самиот Џон го изјавил ова откако го изгледал филмот. Сепак, не сè е како во филмот, па во продолжение дознајте нешто повеќе за вистинскиот живот на Џон Неш.

Младост и факултет

Вистинската приказна на Џон Неш која е подраматична од „Генијалниот ум“ (А Beautiful Mind)

Во неговото детство, Џон ја мразел математиката и имал лоши оценки. Но, ова се променило откако ја прочитал „Мажите на математиката“ (Men of Mathematics) од E. T. Бел. Книгата била напишана на толку едноставен начин, што веднаш по завршувањето Џон можел да докаже едноставна теорема.

Џон влегол во математичкиот свет како студент, а пред тоа собрал знаење за хемиско инженерство и интернационална економија. Поради неговото неверојатно достигнување, тој не ја добил само својата диплома, туку и магистрирал и сакал да продолжи на Принстон.

Неговите поранешни соученици тврдат дека Џон бил опседнат со пари и скржав.

Во првите години како студент, тој ја имал првата сериозна романтична врска и малкумина знаеле за ова. Врската завршила со многу болна разделба, а Џон имал син со кој немал никаков контакт.

И покрај неговите љубовни проблеми, тој бил одлучен да го прави она што го сака. Имал само 21 година кога напишал дисертација на Принстон за теорија на игри. 45 години подоцна, Џон ќе ја добие Нобеловата награда за оваа теорија.

Брак и први знаци на болеста

Вистинската приказна на Џон Неш која е подраматична од „Генијалниот ум“ (А Beautiful Mind)

Откако завршил со постдипломските студии, Џон останал на Принстон за да предава, а работел и со некои компании. На 26 години би уапсен за несоодветно однесување. Деталите за приказната не се познати, но наводно ова е првиот знак за неговите психолошки проблеми. После ова, Џон изгубил привилегии на работа и немал пристап до тајни информации.

Малку подоцна, Џон се венчал со неговата ученичка Алисија Лард, која била 4 години помлада од него. Една година подоцна тој бил прогласен за математичка ѕвезда, а Алисија останала бремена. Околу истиот период, почнале да се покажуваат и првите знаци на шизофренија.

Болеста се развивала многу брзо, па на Џон му станувало сè потешко да ја сокрие од јавноста. Ситуацијата ескалирала кога Џон одбил да стане декан на Факултетот по математика. Рекол дека нема да си го троши времето на такви смешни нешта и сакал да биде император на Антарктикот.

Џон ја изгубил работата и бил однесен во психијатриска установа за задолжителен третман. Бил дијагностициран со параноична шизофренија и бил присилуван да зема лекови 2 месеци. Откако ја напуштил болницата, решил да оди во Европа. Тој се обидел да добие политички азил, но не успеал. Наскоро бил уапсен и депортиран во САД.

Веројатно знаете дека во филмот визуелните халуцинации имаат голема улога. Но Џон од висинскиот живот никогаш не гледал халуцинации, туку само слушал гласови. Покрај ова, математичарот имал и многу ирационални стравови што не се спомнати во филмот. На пример, ако видел личност со црвена вратоврска, мислел дека личноста е комунист што подготвува заговор.

Исто така, Џон никогаш не работел за Пентагон и никогаш не дешифрирал пораки од руски и јапонски шпиони. Но, мислел дека светот подготвува заговор против САД, па ѝ пишувал лични писма на владата. Тој се обидел да ги убеди дека треба да користат различен метод за енкрипција, па дури им дал и предлог. Интересно е што овој метод се користи и денес, но тогаш никој не му одговарал на писмата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар