5 видови прашања кои гарантирано ќе ја „избришат“ напријатноста на првиот состанок

Добрата смеа е најчесто најдобриот начин да ја прекинете неудобната напнатост на првиот состанок. Но, интимноста доаѓа веднаш зад неа. Не, не зборуваме за сексуална интимност, туку за онаа што подразбира да зборувате за вистинските нешта, не само за излегувањето во град или за името на вашето милениче. Всушност, неколку експерименти покажуваат дека луѓето се заљубуваат со едноставно поставување на прашања кои водат кон интимност. А претходно биле туѓинци! Еве неколку прашања кои ќе ви претставуваат водич за да се насочите кон смеа и интимност.

1-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_

1. Спомени од детството – Смешно

Сите ние имаме направено нешто лудо во детството или пак нешто лудо ни се има случено. Сигурно постојат многу интересни случки на кои ако го потсетите партнерот, тој ќе започне да ви ги раскажува. На крајот, двајцата ќе се смеете, но и ќе се приближите на интимен начин.

Ако сакате да дознаете некои смешни случки од некого, поставете му прашања како што се:

  • Дали некогаш, додека си бил/а дете, имаш направено некоја шега поради која си западнал/а во неволја?
  • Која е најсрамната работа што ти се има случено додека си растел/а?
  • Дали имаш спомени на кои сега гледаш како на смешна случка, но тогаш за тебе биле застрашувачки или срамни?
  • Кој е најсмешниот спомен од твоето детство?
  • Дали си имал/а некој смешен наставник или наставничка? Најверојатно е некој кој можеш да го имитираш и денес.

2. Глупави, непослушни работи – Смешно

Многумина од нас имаат упропастено нешто на некој начин или пак имаат направено некоја глупост што дури ни самите не можеме да се разбереме. Во тоа време сме биле шокирани, но гледајќи наназад тоа е најсмешната работа што некогаш ни се случила.

Прашања во врска со ова:

  • Која е најглупавата работа што си ја направил/а, што сега кога ќе се сетиш на неа започнуваш да плачеш од смеа?
  • Дали некогаш си направил/а нешто и си се разбудил/а утредента мислејќи „Не, не го направив тоа“, а потоа се избезумуваш, бидејќи си го направил/а?
  • Кога би знаел/а дека нема да те фатат, која би била најнепослушната работа што би ја направил/а?
  • Дали некогаш си смислил/а паметна идеја за препишување на тест?
  • Дали некогаш си бил/а на состанок кој тргнал сосема наопаку?
  • Дали некогаш си сакал/а многу да се смееш во некој непријатен момент, како на пример, на венчавка или погреб?

2-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_

3. Комичари – Смешно

Понекогаш, разговорот за некој или нешто смешно го крши мразот. Секако, можеби имате различна смисла за хумор, па во тој случај преминете на следните прашања.

  • Кој е твојот омилен комичар и зошто?
  • Кој е најсмешниот филм што си го гледал/а досега?
  • Која сцена ја сметаш за најсмешна во целата филмската историја?
  • За кого сметаш дека е најсмешен комичар или актер?

4. Спомени од детството – Интимност

Кога ќе стигнете до точката кога и двајцата се чувствувате релаксирано и можете да се смеете заедно, тогаш започнуваат поинтимните прашања. Добро надоврзување на најсмешните/најсрамните спомени од нечие детство би биле прашањата за нивните најдобри спомени од детството.

Одлични прашања за ова би биле:

  • Кои моменти од детството секогаш ќе ги паметиш како најдобри?
  • Која беше твојата омилена личност со која сакаше да се дружиш како дете?
  • Која ти беше омилена наставничка во училиште и зошто?
  • Во што уживаше најмногу додека беше дете? Дали беше фанатик за автомобили? Дали градеше кули од песок? Дали крадеше јаболка од кај комшиите? Имаш ли играно џамлии?

3-5-prashanja-koi-garantirano-kje-ja-izbrishat-naprijatnosta-na-prviot-sostanok-www.kafepauza.mk_

5. Мир, љубов и разбирање – Интимност

Многу луѓе сонуваат да го променат светот или барем да го променат сопствениот живот. Прашањата за нивните соништа и желби ќе помогнат да се запознаете подобро.

  • Ако можеш да промениш една работа во светот, која би била таа?
  • Кој беше твојот херој додека растеше?
  • Дали сè уште имаш?
  • Да можеш да избереш една супермоќ, која би била?
  • Дали ти се има случено нешто лошо, што толку го променило твоето гледање на светот што си одлучил/а да станеш подобра личност, да почнеш повеќе да уживаш во животот или да започнеш сопствен бизнис?
  • Кои работи ги сакаш? (Ова може да го претворите во игра, прашувајќи се наизменично за работи кои ги сакате во животот.)

И уште нешто…

Поставувајте интересни, забавни и имагинативни прашања кои може да донесат многу забава, како на пример:

  • Ако луѓето сакаат да именуваат коктел по тебе, како би се викал?
  • Ако можеш да измислиш нов вкус на сладолед, каков би бил?
  • Во каков вид забавен парк би сакал/а да поминеш цел ден?
  • Ако би можеле да влеземе во лифт и да излеземе во некоја друга земја, каде би заминале?
  • Кој период во историјата би сакал/а најмногу да го посетиш?

Исто така, вистина е дека нема да почувствувате конекција со секого. Тоа е во ред. Само треба да се опуштите и да гледате на состанокот таков каков што е – начин да запознаете некого. Можеби нема да си одговарате. Сепак, може да разговарате и да поставувате прашања, можеби ќе научите нешто од него/неа. Ако поставеното прашање не помине добро, тогаш споделете го вашиот одговор или поставете ново прашање и кажете дека тој/таа треба да избере едно до нив и да го одговори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар