5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

Сите ние имаме по една пријателка која едноставно секогаш завршува со сите обврски на време, без притоа да се соочи со огромен стрес. Ако не познавате ваква личност, тогаш големи се шансите дека вие сте таа! Во тој случај, сигурно веќе ги имате навиките кои следуваат подолу. Доколку не се пронајдовте во оваа категорија, тогаш погледнете како да го промените вашиот работен стил, а со тоа и да почнете на време да завршувате со дадените домашни или работни задачи.

1. Заборавете на мултитаскингот

(1) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

Според една студија спроведена од Универзитетот Стенфорд, луѓето кои прават повеќе задачи одеднаш не обрнуваат доволно внимание на нив, ја контролираат нивната меморија или се префрлаат од една задача на друга, без притоа претходната добро да ја завршат. Фокусирајте се на само едно нешто доколку сакате да го завршите на време и со најдобар квалитет.

2. Ценете го квалитетот, не квантитетот

Најпродуктивните личности на овој свет се оние кои поминуваат најмалку време на своето работно место. Тајната не се крие во работните часови, туку колку активно ќе работите додека сте таму. Обидете се да си поставите краен рок, кој ќе го почитувате секојдневно и кога ќе го напуштите вашето работно место, оставете ја и работата зад себе. До следното утро…

3. Велете „НЕ“

(2) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

Не е лесно, но кога веќе имате стотици ваши обврски, едноставно мора да кажете „не“. Потребно е да ги познавате своите граници. Една дополнителна задача нема да ве турне од работ, но дефинитивно ќе ве забави со останатите. И тоа се зголемува со секоја следна. Не сакате да делувате некултурно, но исто така и не сакате да се затрупате со обврски кои не требало да бидат ваши.

4. Самите дефинирајте го својот успех

Исто како што продуктивните луѓе не се обидуваат да го достигнат совршенството, така тие и не се споредуваат со останатите. На тој начин ќе си одземете премногу енергија од вашите обврски и нема да можете ништо да сработите. Наместо тоа, спуштете ја главата надолу, работете си го своето и не грижете се за нештата кои другите ги прават.

5. Грижете се за себе

(3) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

За да бидете продуктивни, најпрво мора да бидете во своето најдобро светло. Тоа значи и дека треба доволно да се наспиете и да водите здрав живот, со физичка активност и соодветна исхрана. Слушајте го телото бидејќи тоа секогаш знае што ви е потребно и направете приоритет за вашето здравје и среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар