5 совети што ќе ви помогнат да ја избегнете осаменоста ако сте единствениот сингл пријател во друштвото

Ако сте сингл, а сите ваши пријатели се во врска, лесно можете да се почувствувате осамено. Вашите пријатели се со нивните партнери, а вие немате некоја таква личност. Овие совети ќе ви бидат од голема помош, особено бидејќи можете да се чувствувате и изолирано поради промената во вашиот социјален живот. Да бидете сингл не мора да биде тажно и осамено искуство. Навистина можете да уживате во тоа, а погледнете и како.

5 совети што ќе ви помогнат да ја избегнете осаменоста ако сте единствениот сингл пријател во групата

1. Ништо не е онака како што изгледа

Можеби чувствувате љубомора и се чувствувате уште поосамено поради врските на пријателите, но не заборавајте дека го гледате само она што тие ви дозволуваат да го видите. Не значи дека постојано владее хармонија во врската на сите. Никогаш не знаете што навистина се случува. Ако пак, тие се вистински среќни, причината е напорната работа и на двајцата партнери кои не се откажувале.

2. Бидете свесни за вашите чувства

Одвојте време за самоанализа и погледнете длабоко во себе. Признајте си дека сте осамени и дозволете си да го чувствувате тоа без да додавате нешто негативно. Кога-тогаш, чувството ќе почне да исчезнува. Чувствата се интензивираат само кога им обрнувате внимание.

3. Проверете ги чувствата

Потсетете се дека е во ред да се чувствувате на тој начин, а побарајте и други извори на вашата осаменост. Добро размислете од каде доаѓа. Дали неодамна се случило нешто што ја предизвикало? Филм? Ново работно место? Ненадејно раскинување? Запишете што сметате дека прави да се чувствувате осамено во моментот. Не можете да ги избркате чувствата, но кога ќе ги проверите и нормализирате, нема да траат долго.

4. Направете план и забавувајте се

Кога сте сингл имате многу слободно време, па треба целосно да го искористите. Барајте совети и поддршка од вашите „зафатени“ пријатели. Прашајте ги што би правеле доколку би биле сингл една недела, а нивните одговори нека ви бидат како водич. Следете го вашето срце, уживајте во времето поминато со себе и којзнае, можеби ќе најдете и нови пријатели.

5. Живеете само еднаш

Откако ќе добиете неколку совети за сингл животот, потребно е да ги искористите. Колку повеќе ќе правите, толку поисполнето ќе се чувствувате. Ќе откриете многу нешта за себе и ќе се забавувате сами без да се чувствувате осамено. Сепак, живеете само еднаш.

Дознајте и зошто понекогаш тоа што сте сингл е најдоброто нешто што може да ви се случи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар