10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да биде најдоброто нешто што ви се случило?

10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да е најдоброто нешто што ви се случило?

Да се биде сингл честопати е погрешно сфатено и поврзувано со чувството на осаменост, досада или залудно потрошено време. Многу луѓе коишто се во сериозни врски откако знаат за себе, се застрашени од помислата да останат сами, бидејќи сметаат дека сингл статусот е наменет само за губитници. За среќа или за жал, ако се случи да останат сами, тие извесен период не престануваат да излегуваат и да посетуваат забави со сите пријатели, колеги и познаници на коишто можат да се сетат, сè со цел да не бидат сами со себе, ни за час.

10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да биде најдоброто нешто што ви се случило?

Доколку целиот ваш живот како возрасна личност сте го поминале без да работите на себе, голема е веројатноста дека во периодот којшто ќе го поминете со вашиот ум насамо, ќе започнете да размислувате за изборите коишто ги правите во животот, за смислата на вашето постоење или ќе чувствувате анксиозност за тоа во која насока го терате животот. На почетокот нема да можете да разберете зошто постојат луѓе кои одбираат да бидат сами, кои сакаат да остануваат дома за викендите наместо да се забавуваат и дефинитивно нема да ви биде јасно зошто некои со намера ги смируваат брановите во нивните мозоци, со помош на медитација. Но, сево ова е нормално за личностите со „тазе“ сингл статус и добрите вести се дека оваа фаза ќе пројде и ќе бидете благодарни што сте ја искусиле. Еве зошто:

1. Подобро ќе се запознаете себеси. Повеќе нема да чувствувате потреба да ги задоволувате сите околу себе, па правењето на нештата што лично вие ги сакате, ќе ви стане главен приоритет во животот. Ова обично не можат да го сфатат луѓето, додека се во сериозна врска.

2. Времето коешто го поминувате сами ви овозможува доволно простор да си го испланирате вашиот живот и да размислувате како да ги реализирате вашите соништа. Ова е вистинското време, да си направите календар и листи со планови и идеи коишто ќе направат да се чувствувате живо.

3. Конечно го чувствувате слаткото спокојство од тишината. Можеби ова ќе ви звучи контраинтуитивно, особено ако сте сингл од неодамна и сè што ви е потребно е да имате покрај себе некоја прекрасна личност, којашто ќе ве гушне и ќе ви каже дека сè ќе биде добро. Но, после сета болка и траума од раскинувањата, конечно имате можност да уживате во мирот и тишината и да сфатите колку прекрасно можете да се чувствувате во друштво со самите себе. Никој не ви зборува, никој не ви досадува, нити не ви поставува прашања, нити ви кажува што правите „добро“, а што „лошо“. Само вие сте и никој друг! Нели чувството е ослободувачко?!

10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да биде најдоброто нешто што ви се случило?

4. Станувате попродуктивни. Кога не ја трошите енергијата да задоволите и разберете некој друг, сте посмирени и пофокусирани, а поради тоа и полесно ќе ви биде да ги завршите вашите обврски и планови.

5. Ќе почнете повеќе да си се допаѓате на сами себе. Откако конечно ќе си дојдете сами на себе после фазата на раскинување, носталгија, самосожалување и осаменост и ќе почнете да работите на себе, ќе можете и да уживате во вашето сопствено друштво. Колку и да ви звучи тоа необично, има уживање и задоволство и во тоа да бидете сами.

6. Можете да воспоставите конекција со вашата душа. Спиритуалната страна на животот, е нешто што порано или подоцна морате да го научите, доколку сакате да откриете што ве прави навистина среќни и кој е начинот да го постигнете тоа. Медитација, водење дневник, прошетка во природа и релаксирање на умот, се нешта коишто никогаш претходно не сте се сетиле да ги правите, бидејќи сте биле презафатени со фокусирање на партнерот. Сето тоа можете да го научите (и усовршите) додека сте сингл.

7. Тоа што имате време да паузирате, ве подготвува за други стресни ситуации во иднина. Сега имате можност добро да размислите, пред да донесете избрзани одлуки. Така, секојпат кога имате некој момент насамо, можете внимателно, без импулсивност и критичен ум, да ги проучите вашите одлуки и мисли, а ова ќе ви помогне да имате продуктивни и исполнети денови.

8. Одморете се. Доколку му дадете на вашето тело и ум период за вистински одмор, тоа има терапевтски ефект и е добро за вашето здравје. Спијте по 30 минути после работа, како што отсекогаш посакувавте и заслужувате, но никогаш немавте во минатото време, бидејќи поважно ви беше да се грижите за некој друг.

10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да биде најдоброто нешто што ви се случило?

9. Кога сте сингл тоа не значи дека сeга сè што имате пред себе, е многу слободно време за одмор и релаксација. Во овој значаен период од животот, имате време и да ги разгалите вашите сетила, така што ќе се зачлените во сауна, ќе појдете сами на некој настан, фестивал или кино или ќе се одведете на состанок во фенси ресторан. Ќе се изненадите колку е чувството ослободувачко.

10. Уживајте во моментот на слобода. Имајте на ум, дека веројатно еден ден ќе сакате да имате деца, а тогаш тие ќе врескаат 24/7: „Мамо, мамо!“, па времето за посветување на себеси драстично ќе ви биде скратено. Затоа, не ги земајте минутите и часовите коишто ги имате на располагање за правење што и да посакате здраво за готово, бидејќи тие нема вечно да траат.

Доколку неодамна сте имале тешко раскинување, овие совети ќе ви звучат безлично и можеби клише, но дајте си време за лекување на раните, работете на љубов кон сами себе, подобрување на вашата самодоверба и воспоставување конекција со сами себе. За извесен период, кога ќе ја сфатите психологијата зад овој непопуларен статус и неговата убавина, ќе почнете да ги цените сите мали нешта кои ги поседувате како индивидуална личност и ќе го цените овој момент на слобода, кој нема засекогаш да трае.

Може да ве интересира и: Какво влијание има стравот да бидете сингл врз вас и вашето размислување?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар