5 ситуации во кои е добро да не носите танга

Гинеколозите не препорачуваат да се носат танга гаќички бидејќи се работи за тенко парче облека од малку материјал кое лесно се поместува и создава триење, како резултат на што може да се појави црвенило, иритација и инфекција. Во овие ситуации дефинитивно би требало да ги избегнете танга гаќичките за да спречите некои негативни последици по вашето здравје.

5 ситуации во кои е добро да не носите танга

1. Не сакате долна облека од памук

Синтетичките материјали како најлонот поттикнуваат настанување влага и насобирање бактерии на чувствителното женско подрачје заради што може да се појават инфекции. Од друга страна, памукот овозможува циркулација на воздухот околу вагината, што ви овозможува да го одржите вашето интимно здравје. Ако не сакате да носите памук, одберете долна облека од свилен материјал, а во секој случај избегнете да носите танга.

2. Цел ден сте во облека за вежбање

Тесната облека како што се хеланките од еластин или прилепените хулахопки ја сопираат циркулацијата на воздухот, така придонесувајќи за насобирање на бактерии во интимната зона. Ако поголемиот дел од денот сте во тесна облека, особено ако вашата струка е поврзана со вежбање, секогаш носете си и чист, сув пар резервни гаќички во кои ќе можете да се пресоблечете после потењето. Дефинитивно избегнувајте танга.

3. Планирате да купувате костим за капење

Пробувањето костим за капење во текот на летото е вообичаена активност, но може да го доведе здравјето на жената во опасност доколку тоа го правите со танга. Обичните (слип) гаќички ќе ве заштитат од евентуалните бактерии кои ги оставиле многуте жени кои го пробале истиот пар костим за капење пред вас, но и од нечистотијата насобрана од самото стоење во продавницата.

4. Носите кратка облека

Голи нозе, танга и кратко здолниште е лоша комбинација за здравјето на жената, особено ако планирате да седите на јавни места како паркови и клупи на автобуски станици. Одбранете се од потенцијалните бактерии и вируси и за такви прилики избирајте долна облека која може да ви понуди подобра заштита.

5. Настинати сте

И најмалата настинка е добар показател дека имунитетот на телото ви е опаднат и дека сте подложни на инфекции. Во такви моменти најдобро е да се одлучите за пар памучни гаќички кои ќе ви понудат максимална заштита и удобност. Танга гаќичките не се добар избор ни доколку сте личност која е склона на инфекции на интимните делови од телото.

Совет плус: Не носете танга ни ако имате проблем да ја контролирате потребата за мокрење, практикувате носење дневни влошки или имате сексуални односи без заштита.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар