5 реченици кои мажите и жените ги толкуваат на потполно различен начин

5 реченици кои мажите и жените ги толкуваат на потполно различен начин

Мажите и жените имаат различни гледишта за истата ситуација. Токму затоа понекогаш изгледа како да не зборуваат на ист јазик. Обрнете внимание на следниве 5 реченици за да разберете како размислува вашиот соговорник и да ги одбегнете можните недоразбирања…

5 реченици кои мажите и жените ги толкуваат на потполно различен начин

1. „Мора да разговараме“

ТОЈ: За мажите секој разговор е знак дека мора да се реши одреден проблем. Поради тоа, доколку ја чујат оваа реченица, тоа значи дека нешто тргнало наопаку и стануваат нервозни.

ТАА: За жените комуникацијата значи зближување со партнерот. Повикот за разговор не мора да има одредена цел, а одбивањето на повикот може само да ги вознемири.

2. „Не ме слушаш“

ТОЈ: Мажите подобро ги паметат информациите кои им се дадени на смирен начин. Односно, додека соговорникот зборува, тие го гледаат без да го менуваат изразот на лицето и без да зборуваат. Иако на овој начин оставаат впечаток дека не се заинтересирани, мажите всушност слушаат многу внимателно.

ТАА: Жените ја изразуваат нивната загриженост или која било друга емоција со мимики на лицето, извици на чудење, негодување или пак несогласување во текот на разговорот. Мажите не го разбираат ваквото однесување кое понекогаш знае да ги изнервира.

3. „Ајде да го сториме тоа заедно“

ТОЈ: Мажите не сакаат да ги делат нивните успеси и не сакаат да учествуваат во тимска работа.

ТАА: Научниците тврдат дека благодарение на хормонот окситоцин жените се многу подружељубиви. Тимската работа многу им значи, бидејќи на тој начин си докажуваат дека не се сами.

4. „Во ред е“

ТОЈ: Мажите не ги покажуваат нивните емоции во толкава мера како жените, а тоа е видливо и во нивниот говор. Постојат неколку епитети во нивниот секојдневен речник и зборовите како „Ок“ или „Во ред“ се сосема нормални за нив.

ТАА: Жените изговараат по 20.000 зборови секој ден. За да ги искажат нивните емоции на поживописен начин, жените користат зборови како „прекрасно“ и „извонредно“, додека „Во ред е“ и „ОК“ ги сметаат за малку дрски реченици.

5. „Тоа е машка работа“

ТОЈ: Кога мажите ќе кажат за нешто дека е машка работа, најверојатно не можат да ги пронајдат вистинските зборови за да ја опишат. Таа работа во најголем број случаи е нешто срамно.

ТАА: Реченицата дека нешто е „машка работа“ најчесто предизвикува негативни реакции кај жените. Не само што тоа ги повредува и ги наведува да помислат дека не се доволно способни за извршување одредени задачи, туку и почнуваат да мислат дека нивниот партнер има љубовница.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги следниве 10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар