10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Многу кавги кои се случуваат помеѓу паровите потекнуваат од недоразбирања поради различниот стил на комуницирање. Како на пример, жените често сакаат да разговараат за проблемите кои се случуваат во врската, а мажите обично тоа го сфаќаат како да се очекува од нив тие самите да најдат решение. Исто така, жените погрешно можат да го протолкуваат молчењето на мажите. Честопати, мажите мораат да размислат за некој проблем во тишина, додека жената ова би го сфатила како тој да не сака да зборува со неа.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Разбирањето на тоа како мажите и жените мислат и зборуваат, може да помогне за подобрување на врските. Ова се најчестите недоразбирања кои настануваат помеѓу мажите и жените и она што едниот го слуша кога зборува спротивниот пол.

Мажите прашуваат, а жените навестуваат

Мажите имаат директни барања, додека жените секогаш ги поставуваат потребите на другите пред своите. Како ова може да се исплати во една врска? Жените често очекуваат од мажите тие да им ги читаат мислите и да знаат што сакаат без да им кажат. Доколку жените почесто кажуваат што сакаат, со сигурност и повеќе ќе добиваат, па читањето мисли би било сосема непотребно.

За жените сè е во деталите

Кога таа ќе каже: „Се сеќаваш ли на џемперот кој го носеше на нашиот втор состанок?“, тој слуша: „Ако се грижиш, би запаметил!“. Жените имаат неверојатна меморија за детали, но се и посентиментални од мажите. Тие треба да имаат на ум, дека мажите не помнат толку многу детали поради различното процесирање на информацијата, а не бидејќи не се грижат.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Проблеми: Слушање наспроти решавање

Кога жена има проблем, мажот нуди решение, а всушност таа бара само разбирање. Во обратната ситуација, таа има тенденција на мажите да им нуди рамо за плачење, нешто што тие најмалку го сакаат. Основно правило: мажите треба да нудат прво сожалување, а потоа помош, додека жените обратно.

Мажите категоризираат, жените размислуваат широко

Како што може да се забележи, мажите и жените размислуваат поинаку. Мажите категоризираат, притоа психички и физички одделувајќи ги едно од друго работата, врската, пријателите и така натаму. Жените пак размислуваат пошироко, притоа поврзувајќи ги сите аспекти од нивните животи. Кога тој своето внимание го префрла од сериозен разговор во гледање спортски натпревар, тоа не значи дека не му е грижа за разговорот. Спротивно, мажите понекогаш треба да се сетат дека нејзиното преголемо размислување и навраќањето во минатото, не е за да додева, туку едноставно така работи женскиот ум, поврзувајќи ги сите случувања едно со друго.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Таа зборува премногу, тој премалку

Кога жената е под стрес, таа има потреба од искажување. Всушност, таа ќе ви ги раскаже сите страшни детали за нејзината работа, пренатрупаниот распоред и за нејзиното семејство. Притоа често ќе се служи со драматични фрази како што се „Тој секогаш…“, „Ние никогаш…“ „Како можеше тој/таа/тие…“. Во ова време мажите не треба да станат дефанзивни, туку треба да и помогнат на жената да ја исфрли сета насобрана негативна енергија. Ова треба да се стори постепено, преку одговарање со емпатија и преку поставување прашања кои дополнително ќе ја мотивираат да зборува и да ги искажува чувствата. Кога таа ќе се почувствува дека нејзините емоции се ислушани и разбрани, веднаш ќе почне да се чувствува подобро.

Во обратната ситуација, кога мажот е под стрес, тој престанува да комуницира одреден период. Тој само сака да се олади, гледајќи телевизија, сурфајќи на интернет или пак работејќи нешто низ домот за да ги заборави проблемите. Сепак, природен инстинкт на жената е да забележува дека нешто не е во ред и ја тера веднаш одоколу да му поставува прашања, за да дознае што згрешила или зошто тој не сака да го поминува времето со нејзе. Но, ова не е време жената да се чувствува одбиена, напротив таа треба да му даде простор за тој самиот да може да се опушти.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

И мажите се емоционални

Вистината е дека поголемиот број мажи се многу чувствителни и имаат длабоки емоции. Проблемот е во тоа што тие не се чувствуваат удобно за да ги покажат. Жената никогаш не треба да претпоставува дека нејзината машка половина не може да ги почувствува одбивањето и болката. Тој чувствува многу повеќе отколку што претпоставувате. Како и да е, во ниеден случај немојте да претпоставувате што тој чувствува. Најдобро е да го прашате и самиот да ви каже. При прашувањето избегнувајте ги премногу емотивните фрази.

Жените сакаат потсетување

Тој мисли: „Верен сум ѝ, таа знае дека ја сакам.“
Таа мисли: „Што сторил тој денеска за да ми покаже дека ме сака.

Ова не значи дека жената треба да се осигурува дека е сакана на секој саат, но и не треба да се мисли дека љубовниот гест од минатиот месец е сè уште свеж во нејзината меморија. Мажите повремено треба да прават мали убави нешта, кои ги правеле кога ја освојувале својата сакана.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Дали воопшто ме слушаш што зборувам?

Таа вели: „Никогаш не ме слушаш!
Тој мисли: „Таа зборува цело време, а јас цело време само ја слушам

Сè што мажот треба да прави е да дава вербални знаци дека обрнува внимание. Исто така може и да поставува прашања во врска со темата за која таа зборува, за да и покаже дека навистина ја слуша. Во вакви ситуации доколку паралелно правите нешто друго, добро е да и напоменете дека фокусот ви е насочен кон друга работа, за да избегнете непријатна расправија.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

Независна сум, ама сепак ми треба твојата помош

Таа вели, „Способна сум тоа сама да го направам.
Тој слуша, „Не и е потребна мојата помош“.

Ова може да биде збунувачки за многу жени, бидејќи без разлика колку тие се силни и способни, сепак сакаат некој да се грижи за нив. Кажете и дека знаете дека таа може да го стори тоа сама, но дека вие обожавате да правите работи за нејзе. Тоа ќе ја стопи.

И седењето дома може да биде состанок

Тој вели: „Изморен сум, ајде да останеме дома и да се релаксираме.“
Таа мисли: „Попрво би лежел дома, отколку да излезе со мене.“

Корисно е за жените да се потсетат дека понекогаш нивниот партнер сака само да биде со нив, одмарајќи се и не правејќи ништо.

10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. mkrobot Reply

    zenite nemaat NOTHING BOX :)

  2. Hanna Reply

    jas sum zena, ama spored statijava nekoi karakteristiki na maz imam, hehe. Taka da nema vrska, zavisi od licnosta ne od polot.

  3. Gjoke Reply

    Сè што мажот треба да прави е да дава вербални знаци дека обрнува внимание. Исто така може и да поставува прашања во врска со темата за која таа зборува, за да и покаже дека навистина ја слуша. Во вакви ситуации доколку паралелно правите нешто друго, добро е да и напоменете дека фокусот ви е насочен кон друга работа, за да избегнете непријатна расправија.<= dokolku im napomeneme deka sme fokusirani koj druga rabota ke svatat deka rabotata ni e povazna od niv..i pak ke ima raspravija ://..seedno e..shto i da napravime povtorno nema da bideme svateni :))) i pak nie na kraj sme krivi :)))

Остави коментар