5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

Знаеме дека треба да се избегнува пржениот пресолен чипс од компири кој може да се купи заедно со уште многу воздух. Наместо тоа можете сами дома да си направите вкусен, здрав крцкав чипс со колку сакате и какви сакате зачини. Ние ви предлагаме пет едноставни и брзи начини на кои можете да го сторите тоа.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

1. Зачинет чипс од сладок компир

Потребни состојки за две порции:
  • еден голем сладок компир
  • ½ лажичка мелен ким
  • ¼ лажичка шеќер
  • ¼ лажичка чили во прав
  • ¼ лажичка сол
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Изрендајте го слаткиот компир на тенки парчиња, и поставете го во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Наредете ги компирчињата во само еден слој за рамномерно да се испечат. Печете околу 7 минути, а потоа превртете ги и вратете ги во рерна на уште 7-10 минути, односно додека не добијат малку кафена боја. За тоа време во мал сад направете мешавина од сите зачини. Кога ќе ги извадите компирчињата, истурете ја врз нив мешавината од зачини и добро промешајте. Потоа чипсот е спремен за сервирање.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

2. Чипс од тиквички

Потребни состојки за 4 порции:
  • 2 големи тиквички
  • една лажица маслиново масло
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка лук во прав (по желба)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете една тава со хартија за печење. Изрендајте ги двете тиквички на тенки парчиња, додајте им ги маслиновото масло, солта и лукот во прав доколку го користите и промешајте. Потоа парчињата тиквички наредете ги во еден слој и ставете ги во загреаната рерна. Печете 25 минути на 200 степени со повремено превртување, а потоа уште 10-15 минути на 150 степени додека да станат убаво крцкави.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

3. Чипс од цвекло

Потребни состојки за 6 порции:
  • 3 средно големи цвекла
  • 1 ½ лажица кокосово масло
  • ¼ лажичка сол
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете го цвеклото, изрендајте го и намачкајте го со кокосовото масло и солта. Ставете го во еден слој да се пече во рерна. Печете 15 минути, а потоа превртете ги сите парчиња и печете уште 10-15 минути додека парчињата цвекло не станат дехидрирани и крцкави.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

4. Сладок чипс од моркови

Потребни состојки за 10 порции:
  • 3 моркови
  • ½ шолја (125 мл) оцет
  • ½ шолја (125 мл) вода
  • 6 лажици мед
  • едно чешне лук, излупен и истолчен
  • ½ лажичка куркума
  • една мала лута сушена пиперка
Начин на подготовка:

Исечете ги морковите дијагонално на тенки парчиња и варете ги 3-4 минути додека да омекнат малку, односно во моментот кога се зготвени, но малку крцкави. Потоа измијте ги со студена вода за да престанат со варењето. Во сад на оган ставете ги оцетот, водата, куркумата, лукот и лутата пиперка и оставете ги да варат околу 5 минути. Потоа прелијте ги морковите со врелата течност и оставете ги во фрижидер да се изладат пред да ги сервирате.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

5. Чипс од кељ

Потребни состојки за 6 порции:
  • една шака кељ
  • ¼ шолја (60 мл) маслиново масло
  • една лажица црвен пипер
  • ½ лажичка сол
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Отстранете ги тврдите делови од кељот, добро измијте го и искинете го на парчиња. Потоа ставете го во сад и додајте му ги маслиновото масло и црвениот пипер. Добро измешајте и ставете ги парчињата кељ да се печат 30 минути додека не се исушат и не станат крцкави. Промешувајте на секои 10 минути за подобро да се испечат.

5 рецепти за здрав домашен чипс од зеленчук

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар