5 придобивки од секојдневното дотерување

Не постои личност која не се чувствува подобро кога изгледа убаво. Дури и ако убавината не ви е приоритет во животот, сепак ќе се чувствувате подобро. Дотерувањето не влијае само на естетиката, туку и на вашата психа. Се разбира, да изгледате добро не значи да имате совршени пропорции и беспрекорен стил, туку тоа значи дека сте се погрижиле за себе и сте се потрудиле да изгледате добро. Во продолжение погледнете кои се придобивките од секојдневното дотерување.

5 придобивки од секојдневното дотерување

1. Подготвени сте за предизвиците во денот

Повеќе нема да одложувате настани бидејќи треба да ја миете косата. Нема да ви биде страв да не сретнете некоја важна личност додека сте во лошо издание. Најверојатно не постои девојка која не се нашла во ваква ситуација, можеби дури и неколку пати. Па, кога ќе се дотерате ќе бидете подготвени на сè.

2. Поголема продуктивност

Кога ќе изгледате убаво, ќе бидете мотивирани, подобро ќе се чувствувате во вашата кожа и помала е веројатноста дека ќе останете во кревет со шминка и фризура, макар и за време на викенд.

3. Ќе сакате да направите нешто добро за себе

Кога веќе сте дотерани и мотивирани, ќе посакате да направите уште нешто за да се унапредите или разубавите. Можеби ќе сакате да го средите домот, да одите во теретана, да си купите нешто ново… Без сомнение грижата за себе предизвикува позитивни промени во секоја област од животот.

4. Ќе имате поголема самодоверба

Вашата самодоверба ќе се зголеми не само затоа што изгледате убаво, туку и затоа што сте направиле нешто добро за себе.

5. Луѓето ќе ве гледаат поинаку

Живееме во време каде што визуелниот израз е важен, па кога изгледате убаво, луѓето ќе ве гледаат поинаку. Исто така кога се грижите за себе и кога знаете дека изгледате добро се менува и вашето држење. Како што жените одат поинаку кога се со чевли со високи потпетици, исто е и кога ќе се дотерате малку повеќе. Ќе сакате да го покажете вашиот маникир, ќе се смеете поразлично кога знаете дека изгледате добро и едноставно ќе зрачите со самодоверба. Сето ова влијае на туѓото мислење за вас, па другите ќе ве гледаат како навистина интересна личност. Ќе сакаат да бидат во ваше друштво бидејќи и нив ќе им влевате самодоверба.

Па, кога следниот пат ќе го одложите миењето на косата бидејќи не е важен ден за да изгледате добро, измијте ја веднаш бидејќи секој ден е важен. Ако мислите дека дотерувањето и грижата за себе се само губење време, размислете колку убаво се чувствувате кога изгледате добро. На крај, не само што ќе изгледате убаво секој ден, туку ќе се чувствувате неверојатно, исполнето и задоволно.

Дознајте и што зборува за вас вашиот стил на облекување.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар