7-те најочекувани музички албуми за 2019 година

Од Мадона, до Лана и Ријана, во продолжение следува листа со најочекуваните музички албуми за 2019 година. Кога ќе ги видите артистите, воопшто нема да ве изненади зошто многумина тврдат дека оваа година ќе биде навистина плодна кога станува збор за поп музиката. Нови албуми, соработки, повторни враќања на сцената… сè е во игра!

1. Аријана Гранде

Откако го објави својот последен албум „Sweetener“, талентираната пејачка ги освои срцата на многумина ширум светот. Според тоа што се зборува, новиот албум на Аријана ќе биде уште подобар!

2. Мајли Сајрус

Мајли ја заврши претходната година со хит синглот „Nothing Breaks Like a Heart“, заедно со Марк Ронсон и брзо потоа најави дека следната година ќе излезе сосема нов албум од неа. Таа открила дека новиот албум ќе биде комбинација од поп, рок и хип-хоп.

3. Дуа Липа

Оваа пејачка веќе некое време работи на својот втор албум, а со оглед на тоа колку успех доживеа со првиот, целиот свет е во исчекување на нејзините нови песни. Иако не се знае точниот датум на издавање, не би требало многу да чекаме, бидејќи таа веќе има и наслов (што сè уште го чува во тајност).

4. Зара Ларсон

Мистериозната шведска поп дива не открива многу за новиот албум, но тоа што досега се знае е дека темата ќе биде феминистичка и албумот ќе излезе оваа година.

5. Мадона

Иако се чини како да беше вчера, последниот албум на Мадона, „Rebel Heart“, излезе во 2015 година. За нејзиниот нов музички албум сè уште не се знае ништо, но сепак очекувањата на целиот свет се високи! Па, секако – станува збор за Мадона!

6. Ријана

Новиот албум на Ријана е најавен за во ноември и самата пејачка го потврди тоа на нејзиниот Инстаграм профил.

7. Лана Дел Реј

И Лана Дел Реј планира да го издаде нејзиниот нов музички албум при крајот на 2019 година, а неговиот наслов ќе биде „Norman F_____ Rockwell“. Тоа што е најинтересно е што пејачката изјави дека овој албум има влијание од Red Hot Chili Peppers.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар