5 причини зошто раскинувањата се толку болни

5 причини зошто раскинувањата се толку болни

За некои луѓе раскинувањето е едно од најболните искуства. Додека раскинувањето може да биде вистинска шлаканица, секој човек различно ја преболува разделбата. Некои веднаш се помируваат со тоа и продолжуваат со својот живот, но некои како да не можат да преболат. Па, кои се вистинските причини за тоа?

5 причини зошто раскинувањата се толку болни

1. Љубовта е зависност

Истражувањата покажале дека кога се вљубуваме се активираат центрите за зависност во нашиот мозок. Ова се истите центри кои се активираат кога некој е зависен од хероин или кокаин. Имајте го ова на ум пред да се шегувате со некого што не може да го преболи раскинувањето. Можно е буквално да чувствувате симптоми на апстиненција кои ќе влијаат на вашата способност да ја преболите разделбата.

2. Љубовта ја менува вашата реалност

Силните емоции можат да делуваат како филтер за перцепција на целото ваше постоење. Сигурно сте ја слушнале изреката „Гледање на светот низ розови очила“. Љубовта ви го прави токму тоа. Целосно го менува начинот на кој ја гледате реалноста, па кога ќе ја снема вашиот поглед кон светот повторно се менува. Ова враќање во реалноста може да биде навистина болно.

3. Љубовта би требало да трае засекогаш

Ако навистина сте верувале дека љубовта со партнерот ќе биде вечна, а потоа тој ве напушта, може да биде навистина тешко да сфатите како нешто што би требало да трае вечно завршило. Многу често мозокот го зема концептот „засекогаш“ и го додава на болката од раскинувањето. Односно, љубовта требало да трае засекогаш, но не се случило тоа, па сега вашата болка ќе трае засекогаш. Ова е лош трик кој самите си го правиме.

4. Љубовта има длабоки еволуциски корени

Во нашата ДНК има меморија од нашите предци, меморија која го оформува нашиот став кон нештата како одбивање. Уште во раната фаза на човештвото, ако некој бил одбиен од племето тоа значело дека ќе умре. Најверојатно ова е причината што напуштањето од страна на саканата личност може да предизвика чувство на очај и паника.

5. Љубовта буквално боли

Скенирањата покажале дека луѓето кои само што доживеале разделба со сакана личност покажале зголемена активност во центрите за болка на мозокот. Ова значи дека љубовта не само што ве повредува емоционално, туку може да предизвика и физичка болка. А кога ја чувствувате таа болка би направиле речиси сè за да престане. Можеби ова е причината што многумина ја голтаат својата гордост и се обидуваат повторно да го освојат срцето на личноста што ги напуштила.

Ако чувствувате кој било од овие симптоми, важно е да запомните дека времето навистина лечи сè. И покрај сè, постојат докази кои покажуваат дека делот од мозокот кој се активира по болно раскинување со текот на времето ја намалува својата активност. Ова значи, како што поминува повеќе време од разделбата, силните чувства и импулси ќе се намалат и евентуално ќе се чувствувате подобро. Исто така добро е да имате на ум дека често најдобриот начин да ја заборавите лошата врска е да започнете нова и да го повторите целиот убав циклус.

Знаете ли што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар