5 причини зошто оваа година ви се потребни анти-новогодишни одлуки

5 причини зошто оваа година ви се потребни анти-новогодишни одлуки

Секоја година донесуваме нови новогодишни одлуки и секоја година не успеваме да ги направиме реалност. За многумина почетокот на годината не е само празнична атмосфера, туку и можност за поставување нови цели.

5 причини зошто оваа година ви се потребни анти-новогодишни одлуки

Но многу често овие цели се екстремно генерализирани и се речиси недостижни. Па наместо да се присилувате да направите нови цели, зошто да не го отстраните она што ви е непотребно? Овде ќе ви помогнат анти-новогодишните одлуки. Ова е одлука да престанете да правите нешто, особено работи кои ги повторувате секоја година, како на пример претераното користење социјални мрежи. Погледнете ги 7-те најдобри предлози за анти-новогодишни одлуки.

1. Престанете да ги заборавате нештата без да кажете што мислите

Дали ви здодеа да бидете личноста што им дозволува на другите да се извлечат бидејќи не кажувате што мислите? Во 2019-та година донесете одлука да истапите напред со храброст. Ако луѓето постојано ве газат, ова е навистина моќна промена. Ова значи да бидете на ваша страна и да ја преземете контролата над вашиот живот.

2. Престанете да им викате „Да“ на сите

Ако ви е тешко да ги одбивате другите, ова е промената што треба да ја направите. Желбата да ги задоволите сите е убава особина, но потребно е да имате граници. Ако не се грижите за себе и им викате „Да“ на сите на сметка на вашиот напредок, време е да престанете со тоа.

3. Престанете да живеете на социјалните мрежи

Без разлика во која положба сте, социјалните мрежи навистина можат да ви го преземат животот ако им дозволите. Сите допаѓања, следбеници и коментари нема да ве направат посреќни, туку всушност можат да го направат спротивното. Ако навистина сакате да инвестирате во себе, ова е првиот чекор што треба да го направите.

4. Престанете да барате изговори

Ако настојувате да барате изговори за вашите постапки или за туѓото однесување, одлучете да престанете со тоа. Штом ќе смислите некој изговор, се убедувате дека немате моќ и дека не можете да направите ништо за вашите услови. Но штом ќе престанете со изговорите и ќе преземете одговорност, нештата ќе се променат на подобро.

5. Престанете да одолговлекувате

Дали има нешта што сте сакале да ги направите во 2018-та година, но сте немале можност, или сте направиле некој незначаен напредок? Ако постојано ги одложувате работите со недели пред да преземете нешто, време е да му се спротивставите на одолговлекувањето и да внесете некоја цел во вашиот живот.

Доколку сте завршиле со новогодишните одлуки за оваа година, погледнете како конечно да ги исполните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар