5 причини зошто не треба да им викате на децата

5 причини зошто не треба да им викате на децата

Методите за воспитување деца се разликуваат во секое семејство. Кога родителите премногу им допуштаат на децата, тие стануваат разгалени. Но, и претерано строгите односи оставаат непријатни последици.

(1) 5-prichini-zoshto-ne-treba-da-vikate-na-decata

Возрасните кои викаат ги плашат децата

Секој родител сака да биде пријател со своето дете, за да дознае што се случува во неговиот живот. Но дали можете да бидете пријатели со оние од кого имате страв? Во најдобар случај, стравот поминува со текот на годините, но во најлош, човекот продолжува да се плаши од возрасните луѓе и кога веќе не е дете.

(2) 5-prichini-zoshto-ne-treba-da-vikate-na-decata

Како да го промените ова?
  • Не го заборавајте гледиштето на детето.
  • Секогаш давајте му можност да се изјасни.
  • Изградете лик на добар советник, без да го напаѓате.

Викањето ја убива довербата во односите

Научниците докажале дека викањето делува исто како и физичкото казнување. Доколку се однесувате грубо кон децата, постои можност тие да се затворат во себе, што води до потешко воспоставување доверба во односите.

Како да го промените ова?
  • Однесувајте се кон детето како кон некој кој е рамен на вас.
  • Одговарајте со хумор на ситните недостатоци.
  • Бидете позаинтересирани за она што го сака и интересира.

Детето ќе страда од вишок килограми

Овој заклучок бил донесен за време на едно истражување. Прејадувањето за време на стресот не ги одминува ни децата. Научниците исто така тврдат дека детето кое јаде постојано е посклоно на нарушување на работата на хормоните и намалена кардиоваскуларна активност.

(3) 5-prichini-zoshto-ne-treba-da-vikate-na-decata

Како да го промените ова?
  • Контролирајте ги своите емоции и постапки.
  • Немојте да ги пренасочувате личните проблеми во односот со детето.
  • Почесто давајте му пофалби и кажувајте му дека го сакате.

Детето ќе формира лош карактер

Доколку на детето често му го повишувате гласот, најверојатно дека подоцна и тоа ќе се однесува така, ќе стане дрско и хистерично. Гневот кај овие деца расте со грубото однесување и строгите забрани. Често со текот на годините ова однесување се влошува, па некогашното повредено дете прераснува во вознемирен човек. Покрај тоа, ваквите деца се склони кон депресија за време на пубертетот.

(4) 5-prichini-zoshto-ne-treba-da-vikate-na-decata

Како да го промените ова?
  • Не заборавајте дека вие сте пример за вашето дете.
  • Покажете строгост, но бидете доследни и праведни.
  • Посветувајте му повеќе внимание на детето.

Пораснатото дете ќе страда од мигрена

Возрасните кои во детството биле понижувани и навредувани, често страдаат од хронична мигрена. Детските комплекси и стравови, исто така можат да предизвикаат нервоза и самоубиствени мисли. Потребни се години, како и помош од психолог за детето да се справи со проживеаниот стрес.

(5) 5-prichini-zoshto-ne-treba-da-vikate-na-decata

Како да го промените тоа?
  • Своето незадоволство изразувајте го смирено со аргументи.
  • Научете се да признаете грешка доколку сте го навредувале детето без основа.
  • Научете се да го слушате вашето дете.

Најважната причина зошто никогаш не треба да му викате на вашето дете е за да направите здрав и среќен човек од него. А ова може да се постигне доколку покажете љубов и трпение.

Прочитајте и како да ги научите децата да бидат позитивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар