5 причини поради кои не би требало да се самообвинувате за прекинување на пријателствата

Во оној момент кога ќе сфатите дека некој веќе не е дел од вашиот живот, може да почувствувате потреба да преиспитувате сѐ што сте и што не сте направиле. Но, агонијата после прекинот на пријателството нема да ви донесе ништо добро. Нема да го врати назад некогашниот однос со личноста, а таквиот начин размислување може и да ве спречи одново да се чувствувате среќни и задоволни од себе.

5 причини поради кои не би требало да се самообвинувате за прекинување на пријателствата

Во денешно време многу пријателства завршуваат без некое јасно објаснување. Ако нешто во пријателството не функционира за едната личност, таа може полека да почне да се повлекува и да ја прекинува комуникацијата, а со помош на социјалните мрежи тоа се чини полесно од кога било.

Иако можеби не можете да сфатите зошто некое пријателство ви завршило, важно е да ги проанализирате следните чекори за да можете да научите нешто од искуството и да продолжите да се развивате како личност. Во секој случај, не треба да се обвинувате себеси…

1. Пријателството не било за џабе

Тоа пријателство во вашиот живот постоело со причина. Иако од оваа перспектива може да изгледа тешко да се поверува во тоа, подоцна може да сфатите дека баш тој пријател или пријателка ве научиле како да се сакате себеси или ви ја дале неопходната утеха во некој тежок период од животот.

„Во секое пријателство учиме по нешто – нешта за себе и нешто за другите – и тоа знаење можеме да го понесеме со себе во остатокот од животот и во идните пријателства“ – вели Дајен Барт, психотерапевтка и авторка на книгата „I Know How You Feel: The Joy and Heartbreak of Friendship in Women’s Live“.

2. Можете да научите нешто од тоа искуство

Тоа што пријателството веќе не е дел од вашиот живот не значи дека времето кое сте го поминале со таа личност е залудно потрошено. Наместо тој однос целосно да го исклучите од животот, обидете се да го преиспитате со цел да понесете нови научени работи од тоа искуство во следните пријателства.

„Можете да научите нешто од тоа пријателство, да го надраснете и без разлика кој е крив на крајот, можете да тргнете напред во различни нови пријателства. Но, острото самообвинување ги отежнува следните чекори во животот“ – вели Барт.

3. Пријателството си ја остварило својата цел

Пријателствата имаат животен циклус. Тие обично не завршуваат кога некој нешто направил или не направил туку бидејќи не ѝ се од корист на ниедна од инволвираните личности. Затоа, прекинувањето на пријателството ви е прилика да научите да се откажувате кога нешто не функционира и да продолжите понатаму.

„Кога пријателството ќе заврши, двете страни може потајно да се чувствуваат добро бидејќи тоа веќе од ниедна страна не давало ништо позитивно“ – објаснува Барт.

4. Социјалните мрежи лажат

Кога пријателството неочекувано ќе заврши, може да биде лесно да си создадете приказна во својата глава за тоа што тргнало наопаку, особено кога и понатаму продолжувате да ја следите личноста на социјалните мрежи. Гледањето во нејзините објави може да доведе да почнете силно да се обвинувате себеси за исходот.

„Важно е да се заштитите себеси и своите пријатели од претерано изложување на социјалните мрежи – тоа е лекција која луѓето често ја учат на потешкиот начин кога нешто што објавиле ќе им се одбие од глава“ – објаснува Барт.

5. Пријателството ве научило да преземате одговорност кога ќе згрешите

Да бидеме реални, кога самите правиме грешки тоа ни создава лошо чувство, но сите сме луѓе и не е нормално да мислите дека никогаш не би требало да бидете причина за прекинување на пријателствата. Но, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас, туку дека едноставно не сте се сложувале добро и не сте биле еден за друг. Како и да било, треба да преземете одговорност за своите постапки и да се извините кога тоа е соодветно. Ако тоа го прифати вашиот пријател, супер. Ако не, немојте да се обвинувате. За жал, тоа нема да ја промени ситуацијата и може да направи да се чувствувате полошо.

„Преземете одговорност, без разлика дали ќе го прифати вашето извинување другата личност или не, така се расте“ – завршува Барт.

Ве интересира кои квалитети можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар