5 одлични лекции наменети за чувствителните луѓе

5 одлични лекции наменети за чувствителните луѓе

Што е всушност нормално? Дали е нормално да плачете кога ќе изгубите некого или е нормално да се воздржите од емоциите бидејќи сте во јавност? Дали е нормално да помогнете на некој кому му е тешко или е нормално да се тргнете настрана бидејќи тој некој не ви е близок?

(1)-5-odlichni-lekcii-nameneti-za-chuvstvitelnite-lugje-kafepauza.mk

Преголемата чувствителност секогаш наидувала на различни осудувања од страна на општеството. Некои сметаат дека е добра, а некои се строго против неа. Но она што е навистина важно е што вие мислите за себе доколку сте чувствителна личност. Дали се срамите од тоа или сте подготвени позитивно да ја искористите вашата чувствителност во секоја смисла на зборот? Следниве неколку лекции ќе ви помогнат во одлуката.

1. Прифатете ги и контролирајте ги вашите емоционални реакции

Она на кое секогаш може да сметате како чувствителна личност е вашата емпатична реакција на она што им се случува на луѓето околу вас. Чувствувајќи го она што тие го чувствуваат и ставајќи се во нивна кожа, ќе сакате да им помогнете дури и тогаш кога тие не го бараат тоа од вас. Тоа често може да ве стави во доста неповолна положба со оглед на фактот дека не секој сака да му се мешате во животот, па можно е да го постигнете сосема спротивниот ефект од оној кој примарно сте го имале на ум.

Но, првиот чекор кон каква било промена секогаш е прифаќање на фактот дека има потреба од таа промена. Така е и со вашите претерани реакции – нема да успеете да ги исконтролирате сѐ додека не прифатите дека некогаш навистина знаете да претерате.

2. Слушајте се себеси и верувајте ѝ на својата интуиција

Желбата да помогнете некому е неверојатно голема кога сте чувствителна личност. Но истовремено, интуицијата која потекнува од вашата чувствителност е можеби и поголема. И додека едното кажува една верзија на настаните, а другото кажува друга, вие често решавате да ги затворите очите пред она кое длабоко во себе знаете дека е вистина.

Наместо да ја слушате својата интуиција, вие одбирате да им верувате на луѓето и тоа што тие го зборуваат, а така станувате лесна мета за оние кои сакаат да извлечат нешто од вас. На крајот на краиштата, како очекувате да му помогнете некому ако не сте способни да си помогнете себеси така што ќе го слушате повеќе вашиот внатрешен глас?

3. Концентрирајте се на работите кои се навистина важни

Тоа што сте чувствителни значи дека буквално сѐ влијае на вас. Дури и најкратката помисла дека нешто не е во ред има моќ да ве потресе и да ве загрижи. Бе разлика дали е тоа проблем кој го има некој ваш подалечен познаник или, пак, личност која ви е блиска, вие сте способни да го сфатите неговиот проблем како свој и да се преоптоварите со него.

Наместо да се грижите за оние проблеми кои се реално ваши, вие губите време на туѓите. Ова можете лесно да го избегнете на тој начин што ќе си поставите приоритети и ќе се држите до нив. Она што вам ви се случува во животот е поважно од она кое им се случува на другите, па така и желбата да им помогнете на сите други ќе стане помала кога ќе бидете свесни дека прво треба да си помогнете себеси.

4. Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби личности

Сите оние глупости дека луѓето кои покажуваат емоции се слаби личности се токму тоа – глупости на кои не треба да обрнувате внимание. Она кое тие луѓе не го гледаат се сите придобивки кои таа чувствителност ги носи со себе.

Силата, убавината и интензитетот на сите тие емоции ве прават само посилни од кога било, а способноста да бидете тука за некого кога никој друг не ни разбира што му се случува, ве прави подобра личност од останатите. Поседувајќи ги сите овие работи, вие сте способни да помогнете некому, да направите разлика, можеби и да промените нечиј живот. Дали е можно ова да е слабост?

5. Бидете храбри

Чувствителноста и сочувствувањето се нешта кои не секој може да ги има. Тие се редок подарок кој никако не треба да се земе здраво за готово, а чии придобивки може да се подарат одново и одново на оние околу вас. Па зошто би дозволиле некому да ве менува? Дали смее некој да влијае на вас до толку што вие нема да се сакате себеси такви какви што сте?

Бидете храбри. Тој некој не знае како е да можете да помогнете некому и да препознаете што сака да каже дури и кога не користи зборови. Чувствителноста е предност која ја имате пред сите останати. Немојте да ја изгубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар