5 нешта што треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина

Дали понекогаш и покрај тоа што имате сè што ви е потребно и животот ви е добар, се чувствувате лошо и само сакате да се затворите дома? Можеби чувството на очај и безнадежност не ви е непознато, без разлика што навидум нема причина за тоа.

5 нешта што треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина

Депресијата е болест предизвикана од хемиска нерамнотежа во мозокот. Таа е болест исто како и проблемите со срцето или тироидната жлезда. Причината за чувството на очај и безнадежност не е поради вашата слабост или неуспех, туку поради хемискиот состав на вашиот мозок. Доколку се чувствувате депресивно без некоја очигледна причина, можно е да станува збор за клиничка депресија. Во овој случај најдобро е да се обратите кај професионалец, но постојат и неколку совети што ќе ви помогнат да се изборите со вашата состојба.

1. Поставете си неколку прашања

Добар начин да откриете дали има причина да се чувствувате лошо е да си поставите неколку прашања.

  • Дали живеете со чувства на тага, празнотија или безнадежност?
  • Дали се иритирате почесто од вообичаено?
  • Дали сте изгубиле интерес во нештата што ве прават среќни?
  • Дали имате проблеми со спиењето?
  • Дали ви се промениле навиките за спиење? Минувате ли повеќе време во кревет?
  • Дали ви се промениле навиките за јадење? Дали сте ослабеле или сте се здебелиле?
  • Дали сте поанксиозни од претходно?
  • Дали имате проблеми со фокусот?
  • Дали размислувате за самоубиство?
  • Дали имате нови физички проблеми, како болки во грбот и главоболки?

Доколку одговоривте потврдно на повеќе од едно прашање, можеби страдате од депресија. Размислете дали ви се случило ова и претходно. Колку пати ви се случувало ова? Дали некој член од семејството има историја со депресија? Дали сте имале трауматични искуства кои можеби ви влијаеле многу?

2. Не срамете се

Многу луѓе кои се дијагностицирани со депресија се срамат од нивната состојба. Срам им е бидејќи не можат да ги потиснат овие чувства. Сметаат дека имаат некој недостаток што ги прави послаби. Важно е да знаете дека не сте слаби, дека не ви недостига нешто. Баш напротив – вие сте навистина храбри што можете да се соочите со овој проблем.

За жал, денешното општество ја гледа клиничката депресија како слабост. Веројатно и вие сте се запрашале како можете да бидете депресивни кога нема никакво проблем. Но сè повеќе и повеќе луѓе стануваат свесни за менталните болести. Луѓето почнуваат отворено да разговараат за овие проблеми и се обидуваат да ја отстранат стигмата за менталните нарушувања. Па, придружете им се на овие луѓе и немојте да се срамите. Депресијата не е нешто што можете да го спречите, но можете да се справите со неа.

3. Веднаш одете на лекар

Доколку се чувствувате депресивно без причина, важно е да му кажете на вашиот лекар за овие симптоми. Барањето помош е клучно за справувањето со оваа болест. Лекарите се свесни за ова и веднаш ќе ви помогнат да се вратите на вашиот пат. Тие ќе ви дадат дијагноза и ќе одредат третман кој е погоден за вас.

4. Држете се до режимот препорачан од лекарот

Ова е клучно за справување со депресијата. Најчесто лекарите препишуваат антидепресиви, но штом пациентите ќе почнат да се чувствуваат подобро, прекинуваат со терапијата. Но во овој случај, вашата депресија само ќе се врати. Држете се до третманот од вашиот лекар, исто како што би правеле и со која било друга болест.

5. Опкружете се со луѓе кои ве сакаат

Многу луѓе кои страдаат од депресија настојуваат да се изолираат од семејството и од пријателите. Понекогаш се дружат, но се преправаат дека уживаат, а ова може да биде премногу. Па, немојте да го правите тоа. Обидете се да минувате време со луѓе кои ве разбираат и ве сакаат. Бидете со луѓе кои можат да ве насмеат и кои ќе направат да се чувствувате добро. Ова е навистина важно доколку страдате од депресија.

Најдобриот начин да се справите со клиничката депресија е со помош од професионалец. Слушајте ги неговите совети, грижете се за себе и опкружете се со луѓе кои ве сакаат. Вие, како и милиони други ширум светот, можете да живеете со депресија и со текот на времето да ја надминете. Сè што треба да направите е да побарате помош. Иако изгледа навистина тешко, направете го тоа уште денес.

Погледнете и кои се симптомите на скриена депресија кои можат да се појават кај секого.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар