5 неочекувани работи што му штетат на вашиот сексуален живот

5 неочекувани работи што му штетат на вашиот сексуален живот

Дали знаете дека возењето велосипед е здраво во секој поглед, освен што може да доведе до намалување на способноста за сексуална возбуда? Во продолжение ви ги претставуваме овие пет неочекувани детали што може да влијаат на вашиот сексуален живот.

5 неочекувани работи што му штетат на вашиот сексуален живот

Ладните стапала и дебелината влијаат на сексуалниот живот

1. Некои работи се очигледни и општо познати, но научниците неодамна идентификуваа неколку ситници кои, исто така, играат улога во сексуалниот живот. На пример, откриено е дека студените стапала го отежнуваат сексуалното задоволство. Научниците од Универзитетот во Гронинген, во Холандија тврдат дека е пожелно да се загреваат стапалата пред и за време на сексот бидејќи делот од мозокот што го регулира сексуалното задоволство се наоѓа покрај оној што ја регистрира температурата во стапалата. Проверете дали просторијата е топла, држете ги ќебињата при рака или облечете чорапи.

2. Едно американско истражување покажа дека кај мажите со висок индекс на телесна маса односот во просек трае повеќе од седум минути. Од друга страна, нивните витки (и визуелно попривлечни) врсници имаат односи кои траат помалку од две минути. Оваа разлика е последица на поголемата количина на женскиот хормон естрадиол што е присутен во телата на подебелите мажи. Овој хормон го прави пенисот помалку раздразлив и затоа е побавен во достигнувањето ејакулација. Од друга страна, слабите мажи имаат повеќе тестостерон, што ја забрзува ејакулацијата. Добрата страна на виткоста е што таквите мажи почесто можат да постигнат ерекција во споредба со дебелите мажи.

Оралната хигиена помага кај ерекцијата, а возењето велосипед одмага?

3. Непријатните мириси ја намалуваат сексуалната желба во секој поглед. Ова важи и за мирисите што доаѓаат од човечкото тело, како и за оние од усната шуплина. Но, лошата орална хигиена го нарушува сексуалниот живот на друг начин: мажите со заболување на непцата, што често е резултат на запоставување на усната шуплина, имаат три пати поголема стапка на еректилна дисфункција отколку нивните врсници со здрави непца. Бактериите што се насобираат во неправилно исчистената усна шуплина влегуваат во крвотокот, ги затнуваат крвните садови и го намалуваат протокот на крв во пенисот. Ако ова не е доволен мотив за одржување на хигиената на усната шуплина, не заборавајте дека бактериите од устата му штетат и на срцето.

4. Возењето велосипед е здраво во секој поглед, освен што ја намалува можноста за сексуално возбудување кај двата пола. Одамна е познато дека долгото возење привремено ја отежнува ерекцијата кај мажите. Но, благодарение на научниците од Тексас, сега знаеме дека жените кои возат повеќе километри со велосипед со високо седиште и ниски управувачи, имаат сензорна загуба во пределот на гениталиите. Бидејќи наклонетата положба прави непосакуван притисок врз некои важни точки на вашето тело, набавете велосипед што ви овозможува да возите во поисправена позиција.

„Отровни“ сексуални помагала

5. Поискусните жени често воведуваат помагала во сексуалната игра, но што ако тие им наштетат на сексуалниот нагон, и тоа поради хемискиот состав? Холандските истражувачи откриле висока концентрација на фталати во 85% од проучуваните сексуални играчки. Токму таа група хемикалии ја прави пластиката мека и погодна за обликување. Но, фталатите му штетат на вашиот сексуален живот со намалување на тестостеронот и намалување на либидото.

Дали велосипедизмот ја намалува чувствителноста на областа на гениталиите во сексуална смисла?

Досега не е познато дали пократкото или подолгото возење велосипед ја намалува чувствителноста на гениталната област кај жените. Познавајќи ја анатомијата на женските генитални органи, положбата на клиторисот не е во директен контакт со седиштето на велосипедот, па затоа нема директна стимулација. Единствено падот од велосипед на предната шипка може да доведе до повреда (нагмечување на ткивото на вулвата со или без модринки), што може да предизвика болка и непријатност (повредите се многу почести кај девојчињата).

Како фталатите во вибраторот му штетат на здравјето и дали помага кондомот?

Како и кај сите сексуални помагала, одржувањето на хигиената е многу важно. Употребата на кондоми не само што има улога на хигиенска заштита, туку штити и од апсорпција на штетни материи, како што се фталатите.

Како ладните стапала влијаат на сексуалната моќ?

Освен чувството на студенило, кое индиректно влијае на намалување на сексуалната желба, студенилото на долните екстремитети нема никаква врска со опаѓањето на сексуалната моќ кај жените.

Прочитајте кој секс е најдобар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар