5 неочекувани навики на социопатите во врските

5 неочекувани навики на социопатите во врските

На што помислувате кога ќе го слушнете зборот социопат? Повеќето луѓе си замислуваат неуредна личност, а некои пак ги споредуваат со психопати. Но социопатите не се толку лесни за препознавање. На почетокот можат да изгледаат нормално и шармантно, но знаат многу добро да лажат и да ги скријат нивните мрачни страни.

5 неочекувани навики на социопатите во врските

Социопатите не чувствуваат емпатија како нормалните луѓе. Нив не им е грижа дали ќе ги повредат вашите чувства и често прават сè што е потребно за да го добијат она што тие го сакаат. Луѓето со вакви карактеристики често се опасни и токсични. Поради ова е важно да можете да ги препознаете пред премногу да се зближете со нив. За да го направите тоа, погледнете кои се нивните навики во врските.

1. Тие се неверојатно шармантни… на почетокот

Бидејќи повеќето луѓе очекуваат социопатите да бидат нестабилни, навистина се изненадени кога ќе дознаат дека тие всушност се навистина добри и шармантни кога ќе ги запознаете. Тие ќе се однесуваат вака на почетокот на врската. Ќе ве облеваат со многу внимание. Но набрзо ќе стануваат постудени и погневни, особено ако не го добијат она што го сакаат.

2. Бараат возбудат

Социопатите не сакаат да се затворат сами во соба. Всушност тие постојано бараат возбуда, особено кога се на состанок. Поради недостатокот од емпатија, социопатите настојуваат да бараат понапнати ситуации, најверојатно бидејќи не чувствуваат со ист интензитет како останатите луѓе. Ако не чувствуваме, ќе ни изгледа како животот да се цеди од нас. Емоционалниот живот на социопатите е многу посиромашен, па тие бараат нешто што ќе им надополни за тоа.

3. Премногу се смирени под притисок

Не само што социопатите изгледаат како навистина стабилни луѓе, бидејќи емоциите не им влијаат како на останатите, тие исто така и лесно се прилагодуваат на притисок. Овде не станува збор за малку стрес на работното место. Социопатите може воопшто да не покажат грижа за она што се случува, дури и ако станува збор за физичка повреда на личност што им е блиска. Ако сте ја изгубиле работата, сте ја скршиле ногата или починал некој ваш близок, социопатот ќе изгледа како воопшто да не го засега тоа.

4. Остануваат во контакт со бившите

Можеби сметате дека социопатите би немале причина да останат во контакт со нивните бивши. Но, колку повеќе ќе учите за нивниот карактер, толку појасно ќе ви станува. Едно истражување покажало дека нарцисите, психопатите и сличните луѓе, вклучувајќи ги и социопатите, активно се обидуваат да останат во контакт со поранешните партнери. Сепак, ова воопшто не значи дека сакаат да им се вратат. Истражувањето покажало дека мотивот е желба за внимание, пари, секс или информации. За социопатите животот е црно-бел и најважни им се нивните желби и потреби. Ако сакаат нешто тие ќе ги искористат сите за да го добијат. Ако бившиот партнер е патот до нивната желба, тие ќе го гледаат како алатка и ќе го искористат.

5. Го користат вниманието како валута

Социопатите често го користат вниманието за манипулација во врските. Тие одлично знаат како да ви покажат внимание во еден момент, а во наредниот да станат поинаква личност и целосно да ве игнорираат. Го прават ова со цел да ви ја нарушат рамнотежата и да преземат контрола над врската. Кога ќе ја изгубите рамнотежата, нив им е полесно да покажат доминантност. Бидејќи не чувствуваат на ист начин како нормалните луѓе, социопатите често ги користат емоциите и чувствата на другите за нивна корист. Секоја врска им е само можност да си ги исполнат желбите.

Навистина е лесно да паднете под влијание на социопат. Но штом ќе го покаже неговото вистинско лице и ќе почнете да препознавате некои од овие карактеристики, најдобро е да се оддалечите од таа личност.

Дознајте која е вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар