5 необични активности кои согоруваат ист број калории како и трчањето

Постојат многу работи и активности кои наводно гарантираат позитивно влијание на слабеењето, но сѐ што звучи премногу добро за да биде вистинито всушност и навистина е премногу добро за да биде вистинито. Сепак, кога науката ќе ги вмеша своите прсти, па ќе докаже дека нешто навистина е вистинито, тогаш тоа е сосема друга приказна. Подгответе се да се изненадите, но и да се воодушевите со ултра лесните начини со кои ќе согорите голем број калории правејќи скоро ништо!

Woman running on the beach at sunset

1. Дали знаевте дека тапкањето со нозете во место согорува 350 калории дневно?

Дали ви е позната онаа ситуација кога нервозно тапкате, чукате со стапалото по подот или со прстите по масата, нервирајќи ги колегите околу себе? Па, немојте да престанете да го правите тоа! Истражувањата покажаа дека на овој начин дневно можете да согорите и до 350 калории што е секако подобро од мирното седење, зар не? Оваа „акција“ е всушност микро кардио тренинг кој на подолго време и тоа како може да допринесе да ослабете.

2. Дали знаете дека пиењето зелен чај согорува 180 калории дневно?

Зелениот чај многупати е спомнуван како моќно средство за согорување на масните наслаги и забрзување на метаболизмот, па ова најверојатно не треба да ве чуди. Едноставно, зелениот чај е чудотворен! Сепак, за навистина да забележите некој ефект, би требало подолго време да пиете поголеми количини зелен чај дневно, а научниците се согласиле дека околу 8 шолји дневно е доволно за да забележите напредок во слабеењето.

3. Дали знаевте дека со потењето согорувате од 200 до 600 калории за половина час?

Ова е навистина импресивно! Значи, половина час седење во сауна и вие ќе согорите доста калории и тоа седејќи. Освен тоа што буквално ќе се истопите, исто така, ќе се ослободите од штетните материи, па вашата кожа ќе стане мека, сјајна и мазна. Доколку не сакате сауна, можете да искористите термо ќебе, да се замотате во него како бурито, да седите и да се потите, но и да се ослободите од вишокот течности во организмот.

2-5-neobichni-raboti-koi-sogoruvaat-ist-broj-na-kalorii-kako-i-trchanjeto-www.kafepauza.mk_

4. Дали сте знаеле дека со чистењето на домот согорувате 100 калории на час?

Активностите изберете ги сами: вшмукување, бришење на подот, чистење на бањата… Не само тоа што вашиот дом ќе блеска, туку и ќе ја исфрлите целата негативна енергија, ќе се чувствувате подобро, но и ќе согорите калории. Што се однесува за нас, ние веднаш започнуваме да чистиме.

5. Дали знаевте дека топлата купка согорува 140 калории на час?

Топла, ама баш топла. Лежите и согорувате калории исто како да одите на прошетка. Сјајно, зар не? Инаку, истражувањата се извршени на две групи испитаници. Едната група возела велосипед за време од еден час, а другата група  уживала во топла купка за истото време. Секако, велосипедистите согореле повеќе калории, но и капачите не поминале лошо. Тие согореле 140 калории, исто како да биле на лесна прошетка со траење од половина час. А уживањето во купката е поголемо, зар не?

3-5-neobichni-raboti-koi-sogoruvaat-ist-broj-na-kalorii-kako-i-trchanjeto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар