Како да започнете сопствен блог во 7 едноставни чекори?

Започнувањето блог е навистина голема работа што можете да ја направите за вашата кариера, особено ако се занимавате со кој било вид пишување. Познато е дека блоговите постојат одамна и дека веќе има блог за секоја тема, од модни, козметички, до економски и политички. Но, ако имате голема желба да пишувате тоа може да биде вистинската работа за вас, па немојте големата концентрација на блогови да ве демотивира. Редовното пишување ќе ја развие вашата креативност и ќе ви помогне да развиете сопствен стил на пишување, а покрај тоа блогот може да биде одлична презентација на вашата работа.

1-kako-da-napravite-blog-vo-7-ednostavni-chekori-www.kafepauza.mk_

1. Изберете општи теми со кои би се занимавале на блогот

Оваа точка е местото на кое поголемиот дел од луѓето заглавуваат, затоа што сметаат дека мора да пишуваат за една работа – слично како блогот кој се занимава со готвење, кучиња или љубовен живот. Тоа е одлична идеја да имате општ фокус за да ја привлечете вистинската публика, но ако навистина не сакате да пишувате само за готвењето или за кучињата, немојте да го правите тоа. Најважно е да се определите за теми кои ви лежат, кои ви се сродни и кои на некој начин ве претставуваат вас. Ако вашата содржина е добра и пишувањето доследно на неа, луѓето ќе дојдат да читаат и за готвење и за кучиња и за забава и сето тоа на едно место. Затоа прва цел е да пишувате за она што го сакате. Така ќе пишувате често и нема да се откажете од блогот.

2. Изберете име за вашиот блог и закупете домен

Името е втората точка која знае и тоа како да ги збуни луѓето, од причина што тие сакаат тоа да биде совршено. Се сложуваме дека треба паметно да изберете, за името да биде привлечно и да има добар SEO (анг. Search Engine Optimization). Но, ако не го започнете вашиот блог, бидејќи не можете да смислите име, определете се за вашето име или за некој назив кој би одговарал на општата тема за која би пишувале на него. Купете и регистрирајте домен под избраното име или определете за некоја од бесплатните верзии.

3. Изберете едноставен дизајн за вашиот блог

Кога станува збор за дизајнот на вашиот блог, можете да пронајдете одлични бесплатни Вордпрес теми. Навистина постојат голем број различни теми, со необичен дизајн кој сигурно ќе ги задоволат вашите потреби. Водете сметка изгледот на вашиот блог да одговара на содржината. На пример: Ако пишувате блог за Охрид, сигурно нема да изберете црна позадина и сив фонт, бидејќи овој град е светол, сјаен и убав.

4. Напишете многу текстови

Најважно е пред да го започнете блогот да напишете повеќе од еден текст. Тоа не значи дека треба да имате 20 текстови, но обидете се да напишете барем 4-5. Тоа воедно ќе биде одлична шанса да оформите свој стил на пишување, а ќе добиете и нови идеи кои можете постепено да ги воведувате на блогот. Со овие неколку текстови, првите посетители ќе можат на некој начин да ве оценат, а вие ќе се претставите себеси како вистински блогер. Текстовите би требало да имаат помеѓу 200 и 800 зборови и секогаш во постот додавајте барем по една фотографија.

2-kako-da-napravite-blog-vo-7-ednostavni-chekori-www.kafepauza.mk_

5. Напишете интересен биографија во делот „За авторот“ и додајте копчиња за социјалните мрежи

Водењето блог ја отсликува вашата личност. Луѓето сакаат да читаат блогови, затоа што сакаат да се чувствуваат поврзано со некого кој им се допаѓа (од која било причина). Страницата „За авторот“ треба да објаснува кои сте, што сакате, за што пишувате и зошто. Ако сакате, би било одлично на него да поставите и ваша фотографија.

Од друга страна пак, социјалните мрежи се од клучна важност за успехот и растот на вашиот блог. Ви препорачуваме да користите Инстаграм и Твитер на кои можете малку подобро да ја претставите вашата работа на блогот. Задолжително поставете копчиња за социјални мрежи, за посетителите на вашиот блог да можат лесно да ве контактираат и евентуално да ви понудат некој вид соработка.

6. Направете распоред и држете се задолжително до него

Веднаш да ви кажеме дека мора да напишете барем еден текст неделно бидејќи во спротивно ќе бидете заборавени. Изберете еден ден во текот на неделата и обидете се да објавувате пост во ист ден и во исто време. Доследноста е вашиот најдобар пријател во оваа работа. Луѓето се зафатени, а читателите променливи. Дајте им нешто за да се потпрат и тие ќе ви возвратат.

7. Известете ги сите ваши пријатели дека сте направиле блог

Иако можеби на прв поглед ви изгледа глупаво, ова е одличен начин за промоција. А промоцијата при водењето блог е доста важна, скоро исто како и самата содржина што ја нудите. Затоа не треба да се чувствувате лошо, особено тогаш кога некој ќе ви упати некоја сугестија. Немојте да се демотивирате и слободно продолжете да пишувате понатаму, а посетите сами ќе растат.

Среќно!

3-kako-da-napravite-blog-vo-7-ednostavni-chekori-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар