5 навики што ќе ви помогнат да живеете подолг и посреќен живот

Досега не сме откриле „фонтана на младоста“ и нема да живееме вечно, но постојат некои навики кои ќе ви помогнат да живеете подолго. Уште поважно, овие навики ќе ви помогнат да имате посреќен и поисполнет живот. Добрите вести се што многу е лесно да ги вметнете овие навики во вашата секојдневна рутина.

5 навики што ќе ви помогнат да живеете подолг и посреќен живот

Можеби нема рецепт за среќа и долговечност што функционира за сите, но дочекувањето на 100-тиот роденден можеби не е толку нереално. Овие совети се дадени од страна на експерти, па нема да ве чини ништо да ги пробате.

1. Никогаш не одбивајте можност за раздвижување

Дури и ако раздвижувањето е само станување од бирото или кратка прошетка низ соседството, движењето е добро за вешто тело. Седењето премногу му штети на телото. Постојат истражувања кои го поврзале претераното седење со зголемениот ризик од смрт. Затоа е важно да најдете начин да се раздвижите во текот на денот за да ги намалите здравствените ризици од седењето. Доволно е да замените еден час седење со некаква активност, како пешачење, за да ги почувствувате придобивките.

2. Запомнете за што сте благодарни

Одличен начин повеќе да уживате во денот е да научите да бидете благодарни. Постојат многу начини на коишто можете да го направите ова. Кога ќе се разбудите наутро, направете листа од сите нешта за коишто сте благодарни. Можеби е полесно да се каже отколку да се направи, но сигурно ќе се сетите барем на едно нешто за кое сте благодарни. Тоа може да биде вашето куче, вашиот гардеробер или шолјата кафе што ве чека. Замислете колку подобар ќе биде вашиот ден и колку посреќно ќе се чувствувате после овој мал ритуал.

3. Смејте се додека не ве заболи стомакот

Смеењето на дури и најглупавите шеги и слики на Интернет може да го продолжи вашиот живот. Смеата го регулира крвниот притисок и чукањето на срцето. На долгорочен план ова ќе ви помогне да имате посреќен и подолг живот. Среќата го поттикнува лачењето на ендорфини, а ова не само што прави да се чувствувате подобро, туку прави и да се однесувате подобро кон другите. Луѓето со смисла за хумор имаат поголеми шанси да живеат долг и здрав живот за разлика од оние кои не се смеат многу. Па немојте да мислите дека претерувате со шегите. Си правите услуга самите и на луѓето околу вас.

4. Не заборавајте ја кремата за заштита од сонце

Навика која може да ви го продолжи животот, но која многумина ја избегнуваат е нанесувањето заштитна крема за сонце. Доволни се само неколку посериозни изгореници од сонце за да ви се зголеми ризикот од појава на рак на кожата. Овој рак може да биде навистина агресивен и да предизвика смрт. Најчесто сме изложени на штетните УВ зраци додека извршуваме секојдневни обврски, како одење на работа. Дури и ако поминувате повеќе време внатре, подобро е да се заштитите наместо да ризикувате. Чувајте ја заштитната крема на видно место за да не заборавите да ја нанесете.

5. Поминувајте време со луѓето што ги сакате

Неделните семејни собири нека ви бидат приоритет и немојте да се расправате со членовите од семејството. Со други зборови, не заборавајте да одвоите време за луѓето кои ги сакате и кои ве сакаат. Верувале или не, времето поминато со нив навистина може да ви го продолжи животот. Недостатокот од силни и блиски врски може да го зголеми ризикот од прерана смрт за 50%.

На крај, овие навики не се за да поминете што е можно повеќе време на Земјата. Нивната цел е да го извлечете најдоброто од времето што го имате и да создадете што е можно повеќе убави сеќавања додека имате можност за тоа.

Дознајте и која е тајната за долг живот според еден 105-годишен човек.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар