5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот

5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот

Сексот би требало да биде исклучително пријатно искуство и за мажот и за жената, а не нешто што води кон агонија. Сепак, според мислењето на акушерите и гинеколозите, скоро три од четири жени доживуваат болка за време на сексуалниот однос во одреден период од нивниот живот.

5 најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот

Без разлика дали болката е минлива или хронична, таа може да биде неверојатно фрустрирачка. Уште полошо, многу жени страдаат наместо да побараат помош.

Ако вашиот лекар сèуште не ви помогнал да се справите со болката што ја чувствувате, советот на другите жени е да пронајдете лекар со кој навистина може да поразговарате. Во текстот подолу се неколку причини што потенцијално водат кон непријатност или болка за време на сексот.

1. Медицински проблем

Болката за време на сексот честопати е поттикната од некаква медицинска состојба, велат стручњаците. Вагинитис или воспаление на вагината предизвикано од габична инфекција или сексуално пренослива болест е една од најчестите причини.

Според нив, постојат и структурни неправилности кои предизвикуваат болка, па дури може да се појави и потреба од операција поради проблеми со матката.

Во некои случаи, болката може да биде предизвикана од други надворешни фактори како што се ендометриоза, инфекции на мочниот меур, цисти на јајниците и фиброиди на матката.

2. Хормони

Може да имате и сува вагинална средина предизвикана поради пад на нивото на естроген, поради стрес, земање лекови или менопауза.

Естрогенот е оној што го одржува екосистемот на вагината на оптимално ниво и го подмачкува, така што сите неправилности поврзани со овој хормон би можеле да го отежнат сексот. Намалувањето на нивото на естроген може да биде предизвикано и од хистеректомија (што често доведува до рана менопауза), зрачење или хемотерапија или хируршко отстранување на јајниците.

Ако се соочувате со таков случај, клучно е да се консултирате со вашиот лекар кој може да ви препорача промени во животниот стил, па дури и хормонска терапија.

3. Лубриканти

Не ја потценувајте моќта на лубрикантите! Иако вагината е природно подмачкана, без разлика дали поради медицинските причини споменати погоре или поради некоја друга причина, многу жени чувствуваат сувост. Добрата вест е што лубрикантите може да ви помогнат да се соочите со проблемот.

Гинеколозите и експертите од сродните области препорачуваат да изберете лубрикант со pH вредност која е близу вашата природна pH вредност за да избегнете алергиски реакции.

4. „Надареност“ на партнерот

Големината не е секогаш добра, особено кога станува збор за машкиот полов орган. Некои жени имаат проблем да се прилагодат на таквата состојба, но тоа не значи дека треба да се откажат од партнерот само затоа што тој е особено „надарен“. Ако се сомневате дека ова може да биде проблем, обидете се да ја промените позицијата.

5. Сексуална траума

Жените може да доживеат болка за време на секс заради страв од сексуален напад, велат психолозите.

Во некои случаи, психолошката траума може да предизвика вагиналните мускули неволно да се стегнат или грчат за време на сексот, што обично се нарекува вагинизам.

Во овој случај, тие велат дека жените треба да посетат психијатар или препорачуваат т.н. „био-фидбек“, т.е. посебен режим на вежбање за релаксирање на вагиналните мускули.

Можеби сакате да прочитате и како да го одржите вашето интимно здравје?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар