5 модни комбинации за првиот состанок и впечатокот кој со нив го оставате

Автор: Софија Сионова

Првиот состанок често знае да биде многу стресен и напнат, односно оние неколку часа претходно кога се подготвувате. Веројатно целата облека се простира од креветите до подот, шминката е расфрлана насекаде и не можете да го најдете соодветниот пар обувки. Но сѐ што ќе облечете зборува во ваше име и открива што очекувате од состанокот. Ова се 5 модни комбинации и нивното значење:

0-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

1. Здолниште со старки

Со оваа комбинација сакате да кажете дека сте релаксирани и уживате во непознатото. Исто така имплицирате дека сте биле во потрага по совршениот фустан, но кога сте го пронашле, за да го купите би морале да продадете бубрег.

1-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

2. Фармерки и маичка со деколте

Откако ги пронајдовте најтесните фармерки и маичката со деколте, вашата облека сака да каже: „Не носам фустан и ми се допаѓа машкоданскиот изглед. Но имам гради. Погледни во нив. Да, имам прекрасни гради.“ И веројатно го носите ова секогаш кога сте на состанок бидејќи е одличен спој од ноншалантност и сексапил. Ја пронајдовте совршената комбинација, па зошто би ја менувале?

2-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

3. Макси фустан

Не се плашите да ризикувате и тоа е во ред. Во светот на модата комфорот е од суштинско значење. Затоа не морате да се мачите со тесни фустани и неудобни потпетици. Колку ви е поудобно во облеката, толку ви е поубав состанокот. А тој ќе биде уште повеќе привлечен од позитивната енергија.

3-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

4. Мало црно фустанче и потпетици

Освен ако одите на бал или на некоја екстремно важна вечера, овој изглед имплицира дека премногу се трудите. Иако ова е вашата магична комбинација со која мамите воздишки, освен ако типот со кој излегувате не е целосен кретен, овој изглед нема да ви донесе втор состанок и поголеми шанси кај него. И веројатно само сте барале добар изговор за малку шопинг.

4-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

5. Фустан на преклоп

Овој фустан зрачи со елеганција, префинетост и класичност. Кога би го носеле овој фустан сакате да кажете дека не толерирате глупости и дека го заслужувате најдоброто од најдобрите. Дестинацијата за овој фустан е на некое место каде одат само луѓе од повисоката класа.

5-5-modni-kombinacii-za-prviot-sostanok-i-vpechatokot-koj-so-niv-go-ostavate-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар