5 лесни и ефикасни вежби за мрзливи луѓе

Летото се приближува и секој од нас сака да изгледа најдобро што може. Но, понекогаш мрзливоста е посилна од сè, па вежбањето секогаш го оставаме за утрешниот ден. Доколку се пронаоѓате овде, не очајувајте, сепак постојат неколку вежби коишто можете да ги правите и вие без да треба да вложите многу труд. Во продолжение погледнете за што станува збор.

1. Стомачни вежби

Не ви се станува од вашиот удобен стол? Седнете исправено, соберете ги вашите стомачни мускули и држете ги така 30 секунди. Одморете се и повторно повторете го ова.

2. Правете скокови во вид на ѕвезда

Додека правите пауза од гледањето на омилената серија, станете од вашиот кревет и правете скокови во вид на ѕвезда.

3. Вежби со клекнување

Практикувајте секогаш кога ќе одите во тоалет да правите вежби со клекнување. Правете го тоа барем 10 пати во текот на денот.

4. Шетајте додека разговарате на телефон

Ве чека телефонски разговор? Добијте придобивки и од тоа, па додека зборувате, шетајте во исто време.

5. Вежбајте додека седите на стол

Додека седите на стол, подигнете се на врвовите од прстите на нозете. Повторете го ова неколку пати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар