5 изненадувачки психолошки причини зошто оставате лош прв впечаток

Без разлика дали се подготвувате за интервју за работа, да одите на состанок или да ги запознаете родителите на партнерот, најверојатно сакате да оставите добар прв впечаток. Но многу често тоа не оди по план. Постојат неколку психолошки причини кои можеби се виновни за тоа што постојано оставате лош прв впечаток. Погледнете за кои станува збор.

5 изненадувачки психолошки причини зошто оставате лош прв впечаток

1. Премногу се обидувате

Очигледно е дека треба да се обидете да оставите добар впечаток, но кога се обидувате премногу? За среќа едно истражување покажало кое однесување е одбивно за луѓето кои прв пат ги сретнувате. Истражувањето открило дека доколку зборувате помалку и доколку сте повоздржани, повеќе ќе им се допаѓате на другите.

Проблемот е што кога се обидувате премногу, вие сте претерано екстровертни и упорно пробувате да го продолжите разговорот. Често поради ова не ѝ давате можност на другата личност да прозбори. Доколку сте природно разговорливи, можно е личноста да се чувствува изморено по првиот разговор со вас, па на тој начин да сте оставиле лош впечаток. Се разбира, ова не значи дека треба да ја криете личноста којашто сте. Наместо тоа внимавајте да не претерувате за време на првата средба.

2. Пребрзо ја откривате вашата лична историја

Кога прв пат среќавате некого не знаете ништо за него, за неговиот живот или што му се случило во минатото. Што и да кажете за себе не знаете ако ќе влијае на соговорникот, па најдобро е да почекате да настане некоја конекција пред да откривате премногу за себе.

По некое време добро е да откриете нешто за себе за да ја зајакнете врската, но во овој случај станува збор за првиот впечаток. Соговорникот не ве знае и доколку кажете нешто непотребно, може да донесе погрешен заклучок за вас. Па внимавајте и немојте да споделувате многу детали за вас.

3. Претпоставувате дека другите ќе се согласат со сè што ќе кажете

Дали сте сретнале некој кој разговарал со вас како да знае дека ќе се согласите со што и да каже? Ова се случува многу често, па бидете внимателни. Најчесто луѓето го прават ова преку физичкиот изглед и опкружување. Забележувате како е облечен некој или местото на коешто сте се сретнале, па претпоставувате дека ќе се согласи со вашите верувања за животот, политиката или што било. Поради тоа се отворате за вашите мислења, а често може да се случи спротивното од посакуваното.

Луѓето со кои веќе имате изградено врски се потолерантни на вашите мислења, без разлика дали се различни. Кога прв пат среќавате некого немојте да разговарате за чувствителни теми, како на пример, политика бидејќи разговорот може да заврши лошо.

4 Премногу се интересирате за нивниот приватен живот

Некои луѓе наместо да зборуваат премногу за себе, поставуваат премногу лични прашања. Ова може да изгледа како испрашување, па другата личност нема воопшто да се чувствува удобно. Најлошото што може да се случи е да поставите чувствително прашање, иако намерата ви била најдобра. Ова може да го навреди соговорникот или да направи да се случува лошо, особено ако разговорот тргне во насока за некоја почината сакана личност, проблеми со менталното здравје, трауми од минатото и слично. Во ред е ако првиот разговор е за чувствителни теми, но обидете се да не барате премногу лични податоци од соговорникот.

5. Изгледате премногу лековерни

Кога прв пат сретнувате некого, веднаш го осудувате, како и тој вам. Не можете да го спречите ова бидејќи постојат бројни фактори кои влијаат на вашето мислење во текот на разговорот. Но навистина ќе ја влошите ситуацијата ако изгледате како лековерна личност.

Ако почнете да споделувате детали за нешто важно, како проект на работното место, здравјето на некоја сакана личност и слично, соговорникот ќе помисли дека сте наивни и лесно можат да ве измамат. Можеби сте убедени дека никогаш нема да направите нешто вакво, но понекогаш поради нервозата и тремата може да кажете некоја информација само со цел да го импресионирате соговорникот. Проблемот е што воопшто не сте свесни дека сте оставиле лош впечаток бидејќи е навистина тешко да го забележите ова.

Најдобро е да се обидете да ги контролирате вашите емоции и да не го присилувате разговорот. Дозволете му самиот да се одвива во која било насока.

Погледнете и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар