5 идеи за шминка за Денот на вљубените

5 идеи за шминка за Денот на вљубените

Овие туторијали ќе ви помогнат да совладате нови вештини за шминкање и да го откриете вашето „друго лице“. Идеите подолу ќе ви помогнат да го изненадите партнерот за Денот на вљубените или да најдете нов партнер ако сте сингл.

Розово дуо

Усните и очите во оваа романтична боја се добитна комбинација за празникот на љубовта. Совет плус: Засилете го впечатокот со вештачки трепки.

Моќта на класиката

Црвените усни, неутралните очи и црниот ајлајнер се одлична комбинација.

Сјаен изглед

Ако не сте љубител на впечатливиот изглед, потпрете се на заводливиот сојузник на шминката – сјајот. Нема да погрешите со него.

Суптилни зачадени очи

Кој вели дека нема начин да се направат зачадените очи посуптилни? Ако преферирате дискретна шминка, ова видео ќе ви помогне во тоа.

Лаванда

Лавандата дефинитивно ќе донесе футуристички допир и никој нема да остане рамнодушен на ова издание.

Погледнете ги и овие 10 инспиративни идеи за маникир за Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар