5 идеи поради кои ќе ја засакате здравата исхрана

Дали уживате во храната доволно? За вашето здравје, но и изгледот, многу е важно да ја изберете соодветната исхрана за вас. Кога станува збор за уживање, дали се грижите за квалитетот на храната која ја јадете или пак, за фактот дека самото внесување здрава исхрана може да биде причина за задоволство? Погледнете ги следниве 5 начини кои ќе ви помогнат да ја засакате онаа исхрана која е добра за вашето тело и ум.

5 идеи поради кои ќе ја засакате здравата исхрана

1. Истражувајте нови вкусови

Доколку повеќето зеленчуци кои сте ги пробале не ви се доволно вкусни, тогаш експериментирајте. Позајмете рецепти од индиската, мексиканската или некоја од другите светски кујни кои сè уште не сте имале шанса да ги пробате. Познатите, по малку здодевни рецепти секогаш можат одново да се откријат и да се подготвуваат на различен начин. Целта на зеленчукот не е да има безличен вкус, па затоа комбинирајте го со храна која ја сакате.

2. Сменете ги состојките

Откријте кои здрави алтернативи можете да ги додадете како состојки на омилените јадења и експериментирајте. На салатата додајте лимон, користете грчки јогурт како замена за сосови, додека хамбургерот подгответе го со интегрално печиво, домашен сос од патлиџани и многу салата.

3. Додајте нови вкусови

Зголемете го бројот на зачини на вашите полици и поиграјте си со нивните комбинации. Куркума, ѓумбир, кари, коријандер, кардамом, како и други видови слични зачини се одличен избор за додавање нов вкус на јадењата, додека истовремено ја избегнувате и солта. Пробувајте различни варијанти кои на прв поглед делуваат неспојливи, како слатко и кисело, луто и освежително.

4. Подгответе и јадете со љубов

Подготовката и презентацијата играат голема улога во уживањето во храната. Доколку вложите енергија во подготовката, особено кога сте креативни при сервирањето, вие ќе почувствувате задоволство уште пред да почнете да јадете. Потрудете се секој оброк да го претворите во ритуал, без разлика колку сте зафатени.

5. Навикнете се на уживањето

Дел од уживањето во здравата исхрана е навика. Дајте си време вашата уста да се навикне на овој вид исхрана, бидејќи дури и уживањето во здравите намирници може да се истренира, доколку се движите постепено. Не си наметнувајте временски рокови – вашата цел не треба да биде краткотрајна диета, туку уживање во здравиот начин на живо. За тоа е потребно време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар