5 генијални трикови за бананите да бидат свежи подолго време

5 генијални трикови за бананите да бидат свежи подолго време

Бананите се вистинска енергетска бомба бидејќи се полни со растителни влакна, витамини и минерали и даваат чувство на ситост. Затоа, се наоѓаат на списокот на омилени овошја кај многу луѓе. Сепак, бананите зреат брзо, па на кората се појавуваат кафени дамки, а самото овошје станува премногу слатко. Но, можете да го спречите тоа со овие едноставни трикови.5 генијални трикови за бананите ќе бидат свежи подолго време

Одделете ги од остатокот од овошјето

Ако ставите банани во близина на други плодови, тие брзо ќе презреат. Најголемите виновници за предвременото созревање на бананите се авокадото, праските, доматите, јаболката и смоквите. Затоа, чувајте ги бананите во посебен сад.

Чувајте ги зрелите банани во фрижидер

Ниските температури го забавуваат хемиското созревање. Кога бананите ќе созреат, ставете ги во фрижидер.

Во ред е ако кората стане кафеава или црна, промената на бојата доаѓа од пигментот во кората и не влијае на овошјето, на неговиот вкус и на текстурата.

Ако сте ги излупиле, прелијте ги со сок од цитрусно овошје

Додавањето сок од лимон или од лимета на излупените банани може да им помогне да останат свежи подолго. Цитрусното овошје го забавува процесот на оксидација. Исто така, можете да користите сок од портокал или сок од ананас.

Ако веќе сте ја исечкале бананата, прелијте ја со една или две лажици сок од лимон.

Оцетот дава свежина

Иако звучи чудно, оцетот е алтернатива на цитрусното овошје. Тој помага да се спречи претворањето на парчињата овошје во кафеава каша. Оцетот може да се разреди со вода.

Ставете ги во замрзнувач

Имено, замрзнатата банана трае најмалку 30 дена и лесно може да се одмрзне на собна температура. Исто така, парчињата замрзната банана се совршени за правење смуди.

Задолжително користете вреќички за замрзнување. Можете да ги замрзнете банани нелупени, но во тој случај, кората од бананата најверојатно ќе стане целосно црна.

Прочитајте зошто бананите растат свиткани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар