5 брутални вистини за родителството коишто секој треба да ги разбере

5 брутални вистини за родителството коишто секој треба да ги разбере

Децата можат да ви дадат целосно нова перспектива, а самото родителство може да биде искуство кое ќе ве трансформира и ќе ве натера да се гледате на целосно нов начин. Но, ова не значи дека родителството е секогаш забавно.

5 брутални вистини за родителството коишто секој треба да ги разбере

Одгледувањето деца е навистина тешко и постојат нешта за кои повеќето луѓе обично не зборуваат. Најчесто ова се нешта коишто ќе ги откриете дури откако ќе станете родители. Ако сте родител или очекувате дете, важно е да знаете во што навистина се впуштате.

1. Вашето чувство за стил ќе исчезне

Можеби не целосно, но кога ќе станете родител драстично ќе се промени начинот на којшто се облекувате. Од менување пелени, до повраќање и храна, како и стресот и заморот што доаѓаат со родителството, ќе откриете сосема нова верзија од вас. Ќе бидете во што е можно поудобна облека и нема многу да се грижите за вашиот изглед. За повеќето ова нема да биде проблем, но на некои луѓе може да им биде тешко да го прифатат фактот дека поголемиот дел од времето ќе го минуваат во тренерки.

2. Децата не го прават тоа што им го зборувате, туку тоа што го правите вие

Откако ќе станете родители веднаш застанувате на позицијата лидер. За повеќето луѓе ова е целосно непозната територија и им е навистина тешко да се справат. Како што растат вашите деца ќе забележите дека нема да слушаат поголем дел од работите што им ги кажувате. Некои деца се потешки од другите, но ова не е најголемиот проблем. Најтешкиот дел е што децата ќе го следат вашиот пример. Секој со повеќе искуство знае дека повеќе ги следиме постапките наместо зборовите на другите. Па подгответе се постојано да ве гледаат и да го копираат вашето однесување. Ова значи дека ќе треба навистина да внимавате што правите за да бидете добар пример за вашето дете. Многу често ќе почнете да правите работи што никогаш не сте ги правеле, а ќе престанете да правите одредени нешта.

3. Родителството може многу да ве изолира

Постојат одредени нешта кои доаѓаат со родителството а за кои не сте ни помислиле. Ова се нешта што ќе ви откријат работи за вас за кои не сте ни знаеле дека постојат. Овде спаѓа и изолацијата. На почетокот на вашето бебе ќе му биде потребно целото ваше време и внимание. Ова значи дека излегувањата со пријателите ќе треба да почекаат. Ова е привремен период во родителството, но со текот на времето изолацијата ќе продолжи и децата ќе одземаат голем дел од вашето време. Како што растат децата, евентуално ситуацијата ќе се промени. Сепак, ова може да биде тежок период, особено ако сте екстроверти.

4. Можеби нема веднаш да го сакате вашето дете

Едно од најтешките нешта со коишто се соочуваат родителите е тоа што не го сакаат нивното дете веднаш. Можеби мислите дека љубовта кон него е нешто автоматско, нешто што се појавува од моментот кога ќе се роди. Ова е вистина, но не за сите. Кај некои родители, особено ако се појави постпородилна депресија, може да биде потребно време. Нема формула што ќе го реши ова, потребно е само време. Добрите вести се тоа што штом ќе се роди љубовта, врската што ја имате со вашето дете ќе биде нераскинлива.

5. Можно е да се соочите со тешки вистини за вашите родители

Тешко, но иронично е што можеби ќе сфатите дека вашите родители биле во право за многу нешта. Целиот живот сте мислеле и сте верувате дека грешеле. Можеби навистина ги сакате и почитувате, но не значи дека секогаш сте се согласувале со родителите. Кога ќе станете родители ќе сфатите дека нештата за коишто не сте се согласувале всушност биле вистина. Уште пострашно е што најверојатно и вашите деца ќе го направат истото, а вие не можете да направите ништо во врска со тоа. Сепак, најважно е да одржите здрава врска со вашето дете. Можеби еден ден ќе слушнете дека сте биле во право.

Но, родителството може да биде и навистина забавно. Овие изјави од родителите за справување со нивните деца ќе ви го докажат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар