40 навики на автентичните луѓе

Ние живееме во контрадикторен свет. Како деца сме поттикнати да бидеме верни на себе и да ги следиме нашите соништа, но како возрасни често сме под притисок на општеството и во тој процес знаеме да се изгубиме. Но, некои луѓе сепак ја поседуваат способноста да живеат автентичен живот. Тие се храбри и бестрашни. Тие имаат неверојатна емоционална силина и лични убедувања. Погледнете ги 40-те навики на автентичните луѓе кои можат да нè инспирираат сите.

40 навики на автентичните луѓе

1. Тие ги прават секојдневните активности на личен и уникатен начин.

2. Тие со почит ги игнорираат инструкциите.

3. Не се брзаат при разбирањето на уметноста. Но, потоа ја искористуваат предноста од нивното откритие.

4. Тие работат вредно во сите аспекти на нивниот живот.

5. И покрај тоа што некои од нив се сметаат за необични, тие не чувствуваат срам во однос на тоа какви се.

6. Тие не се плашат од судирите. Наместо тоа, ги ценат можностите да го погледнат светот од нови перспективи.

7. Тие обожаваат да имаат пријатели со разновидни позадини.

8. Тие не се воздржуваат кога станува збор за споделување искрени мислења.

9. Тие уживаат да бидат сами. Токму тогаш тие се слободни да ги истражуваат најдлабоките агли на нивниот ум.

10. Тие се свесни за себе и знаат да се шегуваат за нивните маани.

11. Тие се активни слушатели кои можат дури да ги слушнат и промените во нивната околина.

12. Тие го сфаќаат фактот дека совршенството не постои.

13. Тие ги знаат своите граници и никогаш не почнуваат повеќе нешта одoшто можат да постигнат.

14. Тие често се навраќаат на своето минато и на изборите кои ги направиле.

15. Тие се љубопитни за причините поради која нештата се случуваат.

16. Тие не прифаќаат „не“ за одговор.

17. Тие секогаш имаат план, со повеќе од еден резервен план.

18. Интелектуалната стимулација ги возбудува повеќе од што било друго.

19. Тие се проактивни и размислуваат јасно пред да преземат акција.

20. Тие се тивки во сите случаи освен кога се дел од значаен разговор.

21. Тие слушаат меѓу линии и наоѓаат подлабоко значење за време на „кежуал“ разговор.

22. Вистински автентичните луѓе разбираат како мозокот им ги процесира информациите.

23. Тие секогаш се полни со почит.

24. Тие имаат голема поддршка кон себе и другите. Често охрабруваат.

25. Нивниот прв впечаток за другите гледа подалеку од површната убавина.

26. Тие се љубопитни и гладни за знаење.

27. Тие го знаат одговорот на прашањето уште пред тоа да биде поставено.

28. Тие разбираат дека секоја акција создава реакција.

30. Тие наоѓаат светло и во лошите ситуации и многу ретко осудуваат.

31. Тие разбираат дека автентичноста не е иста како пријатноста.

32. Тие скокаат на секоја можност за нови и егзотични авантури.

33. Тие носат живост секаде каде што одат.

34. Тие слушаат совети, но ги прифаќаат само ако се во согласност со нивните мислења.

35. Виновните задоволства им се многу важни. Тие учат преку несериозна игра.

36. Тие се грижат за околината и се емпатични кон животните.

37. Тие се заинтересирани за социјалните проблеми.

38. Автентичните луѓе живеат во моментот.

39. Тие ретко гледаат во своите мобилни телефони во јавност.

40. Тие ја истражуваат нивната блиска околина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар