40 начини самите да се грижите за вашето здравје и тело

40 начини самите да се грижите за вашето здравје и тело

Животот понекогаш може да биде исцрпувачки. Се обидувате да бидете добри кон сите околу вас и пробувате да ги задоволите нивните потреби, но многу често заборавате на вашите. Останувате доцна во канцеларијата помагајќи им на вашите колеги, но сигурно сте заборавиле дека и вам ви е потребен одмор. Вашето семејство одлучува каде да одите на одмор, но го заборавате местото кое одамна сакате да го посетите. Но никој нема да забележи дека и вам ви треба нешто доколку не кажете. Полека ќе сфатите дека никој, па дури ни вие самите, не се грижи за вас бидејќи сте премногу зафатени со другите. Еден ден ќе се почувствувате исцрпено. Затоа, треба да научите како да се грижите за себе.

40-nacini-kako-da-se-grizite-za-sebe-kafepauza.mk

Важно е да ги сакате другите, но не заборавајте да се сакате себеси

Грижата за себе значи да бидете свесни за вашите потреби, и физичките и психичките. Здравата исхрана, редовното вежбање, медитацијата… сите овие се начини на кои се грижите за вас. Ова е важно за да ја подобрите вашата благосостојба и квалитетот на вашиот живот. Целта на грижата за себе е да го одржите доброто здравје. На овој начин ќе бидете во можност и подобро да им помогнете на другите. Исто така ќе научите дека понекогаш треба да одморите од напорната работа, воспоставувајќи рамнотежа помеѓу животот и работата. Па еве неколку начини на кои можете да го направите тоа…

10 начини да се грижите за вашето тело

1. Вдишете длабоко. Вдишете со вашиот стомак и издишете го воздухот од градите и стомакот.

2. Прошетајте на сонце, посебно кога е ладно. Топлината од сончевите зраци прави луѓето да се чувствуваат подобро.

3. Трчајте. Испотете се. Ова е најлесниот начин на вежбање.

4. Дремнете на кратко. 10 до 20 минути е доволно. Надополнете го изгубениот сон.

5. Смејте се. Изгледајте некоја комедија или разговарајте со пријател.

6. Гледајте во нешто зелено и сино. Трева, океан… овие пејзажи им прават добро на вашите очи и го смируваат вашето тело.

7. Разбудете се во 6 наутро. Уживајте во утринскиот воздух и во бавното темпо.

8. Направете мала промена во вашата исхрана. Испијте една чаша вода повеќе, или изедете вегетаријански оброк. Прочистете го вашето тело.

9. Дозволете си масажа. Додајте есенцијални масла во вашата масажа. Отстранете го заморот и дозволете ѝ на вашата кожа да дише.

10. Мирувајте неколку минути. Дозволете му на телото да се одмори. Седете мирно. Дишете бавно. Движете се бавно.

10 начини да се грижите за вашиот ум

1. Најдете нов пат до работното место. И малата промена во дневната рутина ќе направи обичниот ден да ви биде посебен.

2. Скитајте низ градот. Откријте ја другата страна на градот. Барајте ја убавината во него што не сте ја забележале досега.

3. Исклучете сè на еден час. Исклучете ги сите електронски направи. Оттргнете се од технологијата. Вратете се на основите.

4. Излезете од вашата безбедна зона. Направете нешто што го немате направено досега, како зборување со некој странец.

5. Водете дневник. Запишете ги сите ваши мисли и сè што ви се чини интересно. Зачувајте го вашиот ден со зборови.

6. Имајте состанок со себе. Направете нешто што навистина го сакате, гледајте филм, посетете музеј или уживајте во природа.

7. Вечерајте сами. Јадете го тоа што го сакате. За момент заборавете на калориите и уживајте во опкружувањето.

8. Купете си нешто ново за вашиот дом. Освежете го направете го и направете го како нов.

9. Гледајте во облаците. Опуштете се и гледајте го небото, можеби со свежо исцеден сок до вас.

10. Исчистете го вашиот дом. Рециклирајте ги работите од вашиот дом што никогаш не ги користите.

10 начини да воспоставите рамнотежа помеѓу животот и работата

1. Земете си слободен ден. Земете слободен ден без планирање или цел – само за да бидете слободни.

2. Испланирајте краток одмор. Одете на некое патување викендов, избегајте од рутината.

3. Одете рано на работното место. Избегнете ја гужвата. Ова може ќе ви овозможи да си заминете порано дома.

4. Заминете порано од работното место. Уживајте во малку слободно време додека сонцето сè уште не зашло.

5. Ручајте надвор од канцеларијата. Направете пауза, вдишете малку свеж воздух.

6. Разговарајте. Разговарајте за нешто различно од работата. Ова ќе ви го направи работното време поинтересно.

7. Исклучете ја нотификацијата за имејлови. Крајот на работното време навистина нека биде крај.

8. Носете ја омилената облека на работа. Зголемете ја вашата среќа освежувајќи го вашиот изглед.

9. Грицнете нешто здраво. Обезбедете му ја потребната енергија на вашето тело.

10. Слушајте нежна музика. Ослободете се од стресот пуштајќи нежна музика во позадина.

10 начини за одржување здрави врски

1. Кажете што мислите. Немојте да се плашите да го кажете вашето мислење. Никој нема да ве разбере додека не прозборите.

2. Споделете ги вашите очекувања. Луѓето може да ве разочараат, но во ред е да им кажете за да можете да се прилагодите.

3. Понекогаш викајте НЕ, ако викањето ДА прави да се чувствувате лошо.

4. Почитувајте ги вашите емоции. Признајте ги и никогаш не ги кријте. Тие се ваши дарови.

5. Намалете го задоволувањето на сите. Освен ако навистина го сакате тоа. Вие немате обврска да ги задоволите сите.

6. Ослободете се од рестрикциите наметнати од другите. Прифатете ги како совети наместо наредби. Вие сте оние што го контролираат своето тело и својот ум.

7. Бидете отворени за новости. Немојте да се плашите од промени кои ќе ве направат поинаква личност. Можеби тие промени водат кон ваше подобрување.

8. Споделете го вашето минато. Без разлика дали е прекрасно или неубаво, вашето минато ве прави личностите што сте денес.

9. Имајте трпение со вас и со другите. За сè е потребно време. Потребно е време да се откажете од некоја навика или да промените нешто. Немојте да се брзате.

10. Дајте си простор. Без разлика во каква врска сте, најважна е врската која ја имате со самите себе. Работете на неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар