Изненадувачки знаци дека се плашите од блискост

Сте се нашле во ситуација кога мислите дека немате среќа во љубовта или дека не сте подготвени за сериозна врска? Меѓутоа потсвесно сонувате за длабока врска со друга личност. Знаете дека сакате да бидете со некого, но нешто ве спречува. Во што се состои тогаш проблемот и зошто не можете да остварите таков однос? Ние го имаме одговорот. Следниве знаци ќе ви помогнат да го препознаете стравот од блискост.

1. Постојано прифаќате нови задачи

Постојано прифаќате нови задачи и можеби сте добри во нивното извршување, но дополнителната одговорност прави да немате време за приватниот живот. Размислете дали прифаќањето го правите намерно. Со тоа што се фокусирате на одредени проекти, намерно го тргате настрана вашиот приватен живот. Можеби вреди да ги преиспитате сопствените емоции и да размислите зошто тоа се случува.

2. Привлекувате недостапни луѓе

Ако често бирате луѓе кои се зафатени или живеат далеку од вас тогаш можеби вреди да откриете зошто потсвесно привлекувате такви луѓе. Оваа реализација не доаѓа одма, понекогаш потребни се години за да откриете што точно се случува. Некогаш од голема помош е и посетата на терапевт кој ќе ви помогне да се запознаете подобро.

3. Вие сте перфекционисти

Што е заедничко за совршенството и стравот од блискост? Токму тој перфекционизам ги обесхрабрува другите бидејќи вашите очекувања за другата личност се преголеми, а другите се плашат дека вие сте недостапни. Можеби треба работите да се наречат со вистинско име, односно да си признаете дека страдате од страв од блискост.

4. Се претставувате како ладна и тешка личност

Повеќе сакате пред другите да се покажете како тешка личност која не ги покажува своите чувства. Оваа маска што ја ставате на лицето треба да ве заштити од повреди и неуспех. Запрашајте се што ќе добиете ако ја играте оваа игра? Можете ли да создадете вистинска врска ако не ѝ се отворите на друга личност?

Дознајте и дали ја одбивате вашата сродна душа од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар