4 здравствени проблеми што се влошуваат со текот на времето

4 здравствени проблеми што се влошуваат со текот на времето

Во младоста лесно се справуваме со болестите. Но како што стареете, малите проблеми стануваат сè поголеми и може да ви изгледаат посериозни од кога било. Во продолжение погледнете ги 4-те болести кои можеби сте ги игнорирале, но сега е време да им обрнете внимание.

4 здравствени проблеми што се влошуваат со текот на времето

1. Болести на коските

Природниот процес на стареење го вклучува и стареењето на коските. Бидејќи се губат минерали, коските стануваат потенки и кршливи. Само во САД, дури 10% од луѓето над 50 години страдаат од остеопороза којашто предизвикува полесно кршење на коските при паѓање.

2. Грип

Со текот на времето имунитетот ослабува, па на луѓето постари од 65 години им е потешко да заздрават од „обичен“ грип кој претходно не го ни забележувале. Грипот многу брзо може да предизвика воспаление на белите дробови кое се манифестира кај 70% до 90% од луѓето помеѓу 50 и 70 години. Често ова воспаление може да резултира и со смрт.

3. Променливо расположение

Животните промени, честата употреба на лекови и намалената физичка активност можат да имаат влијание на променливото расположение. Навидум неповрзаните болести, како недостатокот од витамини или хипотироидизам, исто така можат да бидат виновни за оваа појава.

4. Киселини

Честата појава на киселини со текот на времето може да предизвика оштетување на ткивото на хранопроводот, кој пак е поврзан со грлото. Со текот на времето можат да се појават и бактериски инфекции. За да го намалите проблемот со киселините хранете се здраво, не консумирајте храна доцна навечер и почнете со вежбање.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сигурно ќе го дочекате вашиот 100-ти роденден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар